А видов исто дека секој труд и секој успех во работите предизвикува меѓу луѓето заемна завист. Но и тоа е суета и мака за духот. Глупавиот седи со скрстени раце и го гризе своето сопствено тело. Подобро една шепа во мир, отколку две со труд и мака во духот. Се свртев и видов друга суета на земјата: човек осамен, нема близок: нема ни син, ни брат, а пак на сите работи негови крај нема, и очите негови не можат да се наситат со богатство. „За кого, пак, – вели тој – се трудам и ја лишувам од добра душата своја?“ – Ете, и тоа е суета и лоша работа.
Прочитај Проповедник 4
Сподели
Спореди ги сите верзии: Проповедник 4:4-8
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа