Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Проповедник 3

3
Сѐ има свое време
1 # 3,17; 8,6 Сѐ има свое време, и секоја работа под небото има свое време; 2време кога ќе се родиш, и време кога ќе умреш; време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото; 3време кога се убива, и време кога се лекува; време кога се урива, и време кога се гради; 4време кога се плаче, и време кога се смее; време кога се тагува, и време кога се игра; 5време кога се расфрлуваат камења, и време кога се собираат камења; време кога се прегрнуваш, и време кога се одбегнуваат прегратки; 6време кога се бара загубеното, и вре­ме кога се губи; време кога се чува, и време кога се растура; 7време кога се раскинува, и време ко­га се сошива; време кога се молчи, и време кога се зборува; 8време кога се сака, и време кога се мрази; време за војна и време за мир. 9Каква полза има оној што работи од она, над што се труди? 10#1,13Ги видов работите, што Бог им ги даде на синовите човечки, за да се ма­чат околу нив. 11#6,12; 7,14; 8,17; 11,5; Пс 139,17; Рим 11,33Сето тоа Тој го направил да биде прекрасно во свое време. Ни дал и чув­ство за времето и просторот, но пак не може човекот да ги разбере докрај делата Божји што Тој ги врши од почетокот до крајот. 12Разбрав дека за нив нема ништо по­добро, освен да се веселат и да прават добро во текот на животот свој. 13#2,24; 5,18; 1 Цар 4,20Кога секој човек јаде и пие, и го гледа доброто во секој свој труд, тоа е дар Божји. 14#Пс 33,11Разбрав дека сѐ што прави Господ останува засекогаш; кон тоа нема што да се додава, од тоа нема што да се одзема; а Бог прави така, за да се има страв пред лицето Негово. 15#1,9Она што било, тоа е и сега, и она што ќе биде, тоа веќе било, – зашто Бог го враќа она што изминало.
Сѐ завршува со смртта
16 # 4,1; 5,7 И уште видов под сонцето: наместо закон – беззаконие; наместо правда – неправда. 17#11,9; 12,14И си реков во срцето свое: „Пра­ведниот и безбожниот Бог ќе ги суди, бидејќи таму има време за секоја работа и суд за секое дело.“ 18Си реков во срцето свое и за си­новите човечки – дека Бог ќе ги испита, и ќе им покаже дека тие сами по себе се животни, 19#7,15; 8,14; 9,2; Пс 49,12.20зашто сѐ што се случува со сино­вите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат ед­ните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто – сѐ е суета! 20#1 Мојс 2,7; 3,19Сѐ оди на едно место: сѐ произлегува од земјата, и сѐ ќе се врати во земјата. 21#Пс 104,29; Јов 34,15; 17,1Кој знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на жи­вотните слегува долу, во земјата? 22#2,24; 6,12; 8,7; 10,14И така, јас видов дека нема ништо подобро за човекот, освен да се насладува со делата свои, бидејќи тоа е негов дел; зашто, кој ќе го доведе после да го погледа она, што ќе биде по него?

Селектирано:

Проповедник 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се