Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 8

8
Господ го поучува Израел во пустината
1Сите заповеди, што денес ви ги кажувам, настојувајте да ги исполнувате, за да бидете живи и да се на­множите, и да влезете и да ја наследите земјата, која Господ со заклетва им ја вети на вашите предци. 2#13,4И помни го целиот пат, по кој те водеше Господ, твојот Бог, по пустината еве веќе четириесет години, за да те искуша и да дознае што е во срцето твое, дали ги почитуваш заповедите Негови, или, пак, не. 3#2 Мојс 16,14-35; Мт 4,4Тој те смируваше, те мачеше со глад и те хранеше со мана, што ти не ја знаеше, а не ја знаеја ни твоите предци, за да ти покаже дека човекот не живее само од леб, туку од секој збор што излегува од устата Господова; 4облеката твоја не изветве на тебе, и ногата твоја не отече, еве веќе чети­риесет години. 5#4,36; Изреки 3,11-12; Евр 12,5-8И знај во срцето свое дека Господ, твојот Бог, те поучува како што таткото го поучува синот свој. 6Затоа почитувај ги заповедите на Господ, твојот Бог, оди по патиштата Негови и плаши се од Него.
Искушенијата во ветената земја
7 # 11,10-12 Зашто Господ, твојот Бог, те води во добра земја; во земја каде што има извори и езера, а од планините и доли­ните, течат потоци; 8#4 Мојс 20,5во земја на пченица, јачмен, лозја, смокви и калинки; во земја, каде што има маслиново масло и мед; 9во земја, каде што ќе го јадеш лебот свој без недостаток и од ништо нема да имаш потреба, во земја, каде што камењата се железо, а од планините ќе ко­паш бакар. 10И кога ќе јадеш и ќе се наситуваш, благословувај Го Господа, твојот Бог, за добрата земја, што ти ја даде. 11#4,23; 6,12Гледај да не Го заборавиш Господа, твојот Бог, не почитувајќи ги запо­ве­дите Негови, законите Негови и наредбите Негови, што денес ти ги кажувам. 12Кога ќе јадеш и ќе бидеш сит, и ќе изградиш убави куќи и ќе се вселиш во нив, 13кога ќе ти се намножи крупниот и ситниот добиток, и кога се збогатиш со многу сребро и злато, и од сѐ ќе имаш во изобилие, 14#7,9гледај, да не се возгордее срцето твое, та да заборавиш на Господ, твојот Бог, Кој те изведе од египетската земја, од домот на ропството; 15#2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,1-13; 21,6-9Кој те преведе преку големата и страшна пустина, каде што има отровни змии и скорпии, и суви места, во кои нема вода; Кој ти извади вода од гра­нитна карпа; 16#8,2-3те хранеше во пустината со мана, која татковците твои не ја знаеја, за да те смири и да те искуша, па да ти направи потоа добро, 17#Ис 10,13-14и за да не кажеш во срцето свое: „Мојата сила и цврстината на мојата рака го здобија ова богатство.“ 18#Пс 127,1-2; Јн 15,5; 1 Кор; 1,26-31; Ефес 2,8-9Но да Го помниш Господа, твојот Бог, зашто Тој ти даде сила за да се здобиеш со богатство, за да го исполни, како денес, Својот завет, кој со заклетва го беше потврдил на твоите предци. 19Ако пак Го заборавиш Господа, твојот Бог, и тргнеш по други богови, служејќи им и поклонувајќи им се, ви сведочам денес дека ќе изгинете; 20онака како народите, кои Господ ги уништи пред вас: така ќе загинете и вие, затоа што не го послушавте гласот на Господ, вашиот Бог.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се