Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 31:3-8

Повторени закони 31:3-8 MK2006

Господ, твојот Бог, Сам ќе тргне пред тебе; Тој ќе ги истреби тие народи пред тебе, и ти ќе ги наследиш; Исус ќе тргне пред тебе, како што рече Господ;‘ и ќе постапи Господ со нив така како што постапи со Сихон и со Ог, цареви аморејски, и со земјите нивни, кои Тој ги уништи; и ќе ви ги предаде Господ, и вие ќе постапите со нив според заповедите, што ви ги дадов. Бидете цврсти и храбри, не плашете се и не ужасувајте се од нив, зашто Господ, твојот Бог, Самиот ќе тргне пред вас, и нема да отстапи од тебе и нема да те остави.“ Тогаш Мојсеј го повика Исус и пред сите Израелци му кажа: „Биди цврст и храбар, зашто ти ќе влезеш со овој народ во земјата, за која Господ им се заколна на предците ваши дека ќе им ја даде; и ти ќе им ја разделиш на делови. И Господ ќе тргне Самиот со тебе, Самиот ќе биде со тебе, нема да отстапи од тебе и нема да те остави: не плаши се и не ужасувај се.“