Повторени закони 31
31
Збогувањата и смртта на Мојсеј
Исус определен за наследник на Мојсеј
1 #
4 Мојс 27,12-23
Уште им кажа Мојсеј на сите синови израелски, 2#3,27; 34,7велејќи: „Сега сум на сто и дваесет години; не можам веќе да излегувам и да влегувам, и Господ ми рече: ‚ти нема да го минеш Јордан, 3#1,38; Ис.Н. 14,11Господ, твојот Бог, Сам ќе тргне пред тебе; Тој ќе ги истреби тие народи пред тебе, и ти ќе ги наследиш; Исус ќе тргне пред тебе, како што рече Господ;‘ 4#2,24–3,7и ќе постапи Господ со нив така како што постапи со Сихон и со Ог, цареви аморејски, и со земјите нивни, кои Тој ги уништи; 5и ќе ви ги предаде Господ, и вие ќе постапите со нив според заповедите, што ви ги дадов. 6#1 Мојс 28,15; Евр 13,5Бидете цврсти и храбри, не плашете се и не ужасувајте се од нив, зашто Господ, твојот Бог, Самиот ќе тргне пред вас, и нема да отстапи од тебе и нема да те остави.“ 7Тогаш Мојсеј го повика Исус и пред сите Израелци му кажа: „Биди цврст и храбар, зашто ти ќе влезеш со овој народ во земјата, за која Господ им се заколна на предците ваши дека ќе им ја даде; и ти ќе им ја разделиш на делови. 8#Ис.Н. 1,5И Господ ќе тргне Самиот со тебе, Самиот ќе биде со тебе, нема да отстапи од тебе и нема да те остави: не плаши се и не ужасувај се.“
Јавно читање на законот
9 #
10,8
И ги напиша Мојсеј овие заповеди од законот и им ги предаде на свештениците, потомци Левиеви, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, и на сите старешини израелски. 10#15,1И им завешта Мојсеј, велејќи: „По седум години, во прошталната година, на празникот Сеници, 11#2 Цар 23,1-3кога целиот Израел ќе дојде да се јави пред Господ, твојот Бог, на место што ќе го одбере Тој, прочитајте го гласно овој закон пред целиот народ; 12собери го народот – мажите, жените, децата и дојденците, што се наоѓаат во градовите ваши, за да чујат и да се научат да се плашат од Господ, вашиот Бог, и да се трудат да ги исполнуваат сите заповеди од овој закон; 13и синовите нивни, кои не го знаат тоа, ќе чујат и ќе се научат да се плашат од Господ, вашиот Бог, преку сите денови, додека живеете во земјата, за која ќе го минете Јордан, за да ја наследите.“
Израел – непослушен кон Бога
14И му рече Господ на Мојсеј: „Ете, твоите денови се приближија до смртта; повикај го Исус, и дојдете во скинијата на собранието, и Јас ќе му дадам заповед!“ И дојде Мојсеј со Исус, и застана во скинијата на собранието. 15#2 Мојс 33,9-10И се јави во скинијата Господ во облаков столб, и застана облаковиот столб при влезот од скинијата. 16#2 Мојс 34,15-16; Суд 2,17; 10,16И му рече Господ на Мојсеј: „Ете, ти ќе се прибереш кај предците свои, а овој народ ќе почне да се заблудува по туѓите богови на онаа земја, во која оди, ќе Ме остави и ќе го наруши заветот Мој, што го воспоставив со нив; 17и ќе се разгори јароста Моја против него во овој ден, а Јас ќе ги оставам и ќе го сокријам лицето Свое од нив, и тој ќе биде истребен, и ќе го снајдат многу несреќи и жалости, и ќе речат во тој ден: ‚бидејќи не е Господ Бог меѓу нас, нѐ снајдоа овие зла.‘ 18#Суд 6,13; Пс 42,10А Јас ќе го сокријам лицето Мое во оној ден поради сите негови беззаконија, што ќе ги направи, бидејќи ќе се обрати кон туѓи богови. 19А сега, напишете ја оваа песна, научете ги синовите израелски на неа и ставете им ја во устата нивна, за да Ми биде таа песна сведоштво меѓу синовите на Израел; 20#Јн 5,45зашто Јас ќе ги воведам во земја, каде што тече мед и млеко, како што им се заколнав на предците; тие ќе јадат и ќе се наситат, ќе се здебелат и ќе се обратат кон туѓи богови и ќе им служат, а Мене ќе ме разгневат и ќе го нарушат заветот Мој; 21#31,26и кога ќе ги снајдат многу несреќи и жалости, таа песна ќе биде против нив како сведоштво, бидејќи таа нема да излезе од устата на потомството нивно. Јас ги знам мислите нивни, што ги имаат, сега, уште пред да ги воведам во земјата, за која им се заколнав.“ 22И во оној ден ја напиша Мојсеј таа песна и ги научи синовите израелски на неа. 23#3,28И му заповеда Господ на Исус, синот Навинов, и му рече: „Биди цврст и храбар, зашто ти ќе ги воведеш синовите на Израел во земјата, за која им се заколнав. Јас ќе бидам со тебе.“ 24А кога Мојсеј ги напиша во книга сите зборови од овој закон сѐ до крајот, 25#10,8им заповеда на левитите, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, велејќи: 26#31,19„Земете ја оваа книга на законот и ставете ја покрај ковчегот на заветот на Господ, вашиот Бог; и таа ќе биде таму сведоштво против тебе; 27зашто јас ја знам твојата упорност и твојата тврдоглавост; ете и сега, кога живеам со вас, вие сте упорни пред Господ; а колку повеќе по смртта моја? 28Соберете ги кај мене сите ваши началници на племињата, и надзорниците свои, и јас ќе им ги кажам гласно овие зборови, а сведоци ќе ми бидат небото и земјата. 29#4,25; Дела 20,29-30Зашто знам дека по смртта моја вие ќе вршите беззаконија и ќе отстапите од патот, што ви го заповедав, и подоцна ќе ве снајдат незгоди, затоа што ќе правите зло пред Господ, разгневувајќи Го со делата на рацете ваши.“ 30И Мојсеј ги кажа гласно пред целото израелско општество зборовите на таа песна до крај.
Селектирано:
Повторени закони 31: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006