Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 30:1-14

Повторени закони 30:1-14 MK2006

Кога ќе се збиднат врз тебе сите тие зборови – благословите и клетвите, што ти ги изложив, и ти ќе ги земеш при срце кај сите народи, меѓу кои ќе те расее Господ, твојот Бог, и од сето срце и од сета душа своја ќе се обратиш кон Господ, твојот Бог, и ќе го послушаш гласот Негов ти и синовите твои, како што ти заповедам денес, – тогаш Господ, твојот Бог, ќе ти ги врати сите твои изгнаници, ќе се смили над тебе, и пак ќе те собере од сите на­ро­ди, меѓу кои те расеал Господ, твојот Бог. Макар и да бидеш растурен од крајот на небото па сѐ до крајот на небото и оттаму ќе те собере Господ, твојот Бог, и оттаму ќе те земе, и оттаму ќе те доведе Господ, твојот Бог, во земјата, што ја владееле твоите предци, и ќе ја наследиш, и ќе ти направи Господ добро и ќе те умножи повеќе од прадедовците твои; и ќе го очисти Господ срцето твое и срцето на потомството твое, за да Го сакаш Господа, твојот Бог, од сѐ срце и со сета душа своја, за да живееш; тогаш, Господ, твојот Бог, ќе ги префрли сите овие клетви на непријателите твои и на оние, што те мразеа и што те гонеа; и ти ќе се обратиш и ќе го слушаш гласот на Господ, и ќе ги исполнуваш сите заповеди Негови, што ти ги за­по­ведам денес; и ќе те благослови Господ, твојот Бог со изобилство во секоја работа на рацете твои, во плодот на утробата тво­ја, во плодот на добитокот твој, во ро­дот на земјата твоја; зашто Господ, од­но­во ќе се сврти кон тебе и ќе ти се радува, правејќи ти добро, како што се радуваше на предците твои, само ако го слушаш гласот на Гос­под, твојот Бог, и ги извршуваш сите заповеди и наредби Негови, напишани во книгата на овој закон, и ако се свр­тиш кон Господ, твојот Бог, со сето ср­це свое и со сета душа своја. Зашто оваа заповед, што денес ти ја давам, не е тешка за тебе, ниту е далеку од тебе. Таа не е на небото, за да може да се каже: „Кој од нас би се воздигнал на небото и би ни ја земал и донел да ја чуеме, та да ја исполниме?“; ниту е преку море, за да може да се каже: „Кој од нас би отишол преку море и би ни ја земал и дал да ја чуеме, та да ја исполниме?“ Но оваа заповед е многу блиску до тебе: таа е во устата твоја и во срцето твое, за да ја исполнуваш.