Ќе дојдат врз тебе сите овие клетви, ќе те гонат и ќе те стигнат, додека не те уништат, затоа што не го послуша гласот на Господ, твојот Бог, и не ги послуша заповедите и наредбите Негови, што ти ги беше заповедал; тие ќе бидат врз тебе и твоето потомство знак и чудо довека. Зашто ти не Му служеше на Господ, твојот Бог, со весело и радосно срце, поради изобилството во сѐ, ти ќе му служиш на непријателот свој, што ќе ти го испрати Господ, во глад и жед, во голотија и во секаква скудност; тој ќе ти става на вратот железен јарем, додека не те уништи.
Прочитај Повторени закони 28
Сподели
Спореди ги сите верзии: Повторени закони 28:45-48
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа