Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 24

24
За истераната жена
1 # Ис 50,1; Ос 3,1-3; Мт 5,31; 19,3-9 Ако некој земе жена и поживее со неа, но таа не добие милост во очите негови, бидејќи нашол кај неа нешто што не му се допаѓа, па ѝ напише писмо за развод, и ѝ го даде во рацете нејзини, и ја испрати од куќата своја, 2а таа откако ќе излезе од куќата негова, се омажи за друг, 3па, ако и тој маж ја намрази и ѝ напише писмо за развод, и ѝ го даде во рацете нејзини, и ја испрати од куќата своја, или пак тој, вториот маж, што ја зел за жена, умре, 4тогаш првиот нејзин маж, откако ја напуштил, не може пак да ја земе за жена по нејзиното осквернување, зашто тоа е одвратно пред Господ: не осквернувај ја земјата, што ви ја дава Господ, вашиот Бог, во наследство.
За младоженецот
5 # 20,7 Ако некој скоро се оженил, нека не оди во војска, и да не му се наложува никаква работа; нека остане тој слободен во домот свој цела година и нека ја весели жената своја, што ја зел.
Залог
6Никој да не зема во залог воденица, ни горен воденички камен, бидејќи таквиот во залог зема душа.
Грабнување на лица
7 # 2 Мојс 21,16 Ако биде фатен некој дека украл некого од браќата свои, од синовите Израелови, и го заробил и го продал, таквиот злочинец да биде предаден на смрт: така истребувајте го злото од са­мите себе.
Лепра
8 # 3 Мојс 13,14 При болеста лепра гледај внимателно да пазиш и да го исполнуваш целиот закон, што ќе ви го кажат свеште­ни­ците левити; исполнувај го грижливо, она што сум ви го заповедал; 9#4 Мојс 12,10-15помни, што ѝ направи Господ, твојот Бог, на Мирјам по патот, кога бевте излегле од Египет.
Повторно за залогот
10 # Амос 2,8 Кога ќе дадеш нешто во заем на ближниот свој, не оди дома кај него, за да земаш од него залог, 11туку почекај надвор, а човекот, кому си му дал заем, ќе ти го изнесе залогот надвор; 12ако е, пак, човекот сиромав, да не преноќева залогот негов кај тебе; 13#2 Мојс 22,26врати му го залогот на зајдисонце, за да спие со облеката своја и да те благослови; тоа ќе ти се смета за милост пред Господ, твојот Бог.
Почит кон бедните
14Не оставај го без награда бедниот и сиромав наемник од твоите браќа или од придојдените, кои се во градовите твои; 15#3 Мојс 19,13; Јк 5,4предај му ја дневницата во истиот ден, пред да зајде сонцето, бидејќи тој е беден, и на неа се надева, за да не повика против тебе кон Господ, за да не падне гнев врз тебе.
Лична одговорност
16Татковците да не бидат осудувани на смрт заради децата, и децата да не бидат казнувани со смрт поради тат­ковците; секој да биде казнет со смрт за својот грев.
Постапки во полза на сиромасите
17 # 16,19; 27,19; Амос 2,7 Не осудувај неправедно дојденец и сирак, и од вдовица не земај облека во залог; 18сети се дека и ти беше роб во Еги­пет, и Господ, твојот Бог, те ослободи оттаму: затоа и ти заповедам да ги ис­полнуваш овие наредби. 19#23,25-26; 3 Мојс 19,9-10; 23,22; Рута 2,2Кога жнееш на нивата своја ако заборавиш сноп на нивата, не враќај се да го земеш: тој нека остане за придојдениот, за сиракот и вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите работи на рацете твои. 20Кога ги береш маслинките свои, не враќај се да ги добереш останатите: тие нека останат за придојдениот, сиракот и вдовицата. 21Кога го береш лозјето свое, не го бери докрај она што ќе остане по тебе: нека остане тоа за дојденецот, сиракот и вдовицата; 22#5,15не заборавај дека и ти беше роб во египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност