Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 2

2
1Потоа се вративме и тргнавме по пустината кон Црвеното Море, како што ми беше рекол Господ, и многу време одевме околу планината Сеир.
Поминување низ Едом, Моав и Амон
2И Господ ми рече, велејќи: 3„Доста одевте околу таа планина, свртете се, пак, кон север. 4#4 Мојс 20,14-21Заповедај му на народот и кажи му: ќе поминете сега низ пределите на вашите браќа, потомците Исавови, кои живеат во Сеир; и тие ќе се исплашат од вас, но вие ќе бидете внимателни: 5не започнувајте со нив војна. Јас нема да ви дадам од земјата нивна ни една стапка, зашто планината Сеир им ја дадов на потомците Исавови. 6#2,28Храна купувајте од нив со сребро и јадете; и вода купувајте од нив со среб­ро и пијте; 7#Неем; 9,20-21зашто Господ, Бог твој, те благо­слови во секое твое дело; те чуваше до­дека патуваше ти по таа голема пустина; ете, четириесет години Господ, Бог твој, е со тебе; ти од ништо не се ли­шуваше.“ 8И минавме покрај нашите браќа, потомците Исавови, кои живеат во Сеир; по патот во рамнината од Елат и Ецјон-Гевер, па свртевме и го изминавме патот во пустината Моав. 9#23,4-7И ми рече Господ: „Не се карајте со Моавците, ниту почнувајте со нив војна; зашто Јас нема да ви дадам ништо од земјата нивна, бидејќи Јас им го дадов Ар на Лотовите потомци.“ 10#1,28; 4 Мојс 13,33Порано таму живееја Емијци, народ голем, многуброен и висок како Ана­ковите потомци, 11и ги сметаат Рефаимци#2,11 Џинови, горостасни луѓе како и Ана­кијците; Моавците, пак, ги нарекуваа Емијци. 12А во Сеир живееја порано Хо­ријците; но потомците Исавови ги изгонија и ги истребија од пред себе и се населија наместо нив – така, како што направи Израел со земјата на своето наследство, што му ја беше дал Господ. 13„И сега, станете и преминете го по­токот Зеред.“ И ние го минавме по­то­кот Зеред. 14#1,35Откако отидовме во Кадис-Барнеа и го минавме потокот Зеред, поминаа триесет и осум години, сѐ додека во таборот не изгинаа сите мажи, погодни за војна, според она како што им се беше заколнал Господ; 15#4 Мојс 14,29-30; 1 Кор; 10,1-5пак и раката Господова беше против нив, истребувајќи ги од логорот, додека сите не изумреа. 16И тогаш, кога изгинаа сите мажи, годни за војна, и исчезнаа помеѓу народот, 17Господ ми рече, велејќи: 18„Ти минуваш сега низ пределите моавски, преку Ар, 19#1 Мојс 19,30-38и им се приближи на Амоновите по­томци; не судрувај се со нив, ниту почнувај со нив војна, зашто Јас нема да ти дадам ништо во наследство од земјата на Амоновите потомци, бидејќи им ја дадов на потомците на Лот.“ 20Таа се сметаше за земја на Рефа­имците: порано живееја во неа Рефа­имци; Амонците, пак, ги нарекуваа Зам­зумијци; 21#1,28тие беа народ голем, многуброен и висок како Анакијците, и Господ ги ис­треби пред лицето нивно, и тие ги изгонија и се населија на нивното место, 22како што направи за синовите Исавови, кои живеат во Сеир, истребувајќи ги пред нив Хоријците, и тие ги изгонија, и се населија на местото нивно и таму живеат до ден денес. 23И Авијците, што живееја во селата кај Газа, Кафторијците, кои беа излегле од Кафтор, ги истребија и се населија на нивното место. 24„Станете, тргнете и минете го по­токот Арнон; ете, го предавам во раката твоја Сихон, царот хешбонски, Амо­реецот, и неговата земја; почни да ја покоруваш и војувај против него; 25од денес Јас ќе почнам да сеам страв и ужас пред тебе врз народите под целото небо; оние, што ќе чујат за тебе, ќе се растреперат и ќе се уплашат од тебе.“
Преземање на царството на Сихон
26И испратив пратеници од пустината Кедемот кај хешбонскиот цар Сихон, со мирни зборови, за да кажат: 27„Дозволи ми да минам преку твојата земја; ќе одам по патот, нема да скршнувам, ни десно, ни лево; 28#2,6храна продавај ми за сребро, и јас ќе јадам, и вода продавај ми за сребро, и јас ќе пијам; само со нозете мои да минам.“ 29#2,19Така, како што ми дозволија потомците Исавови, кои живеат во Сеир, и Моавците од Ар, додека не минам пре­ку Јордан во земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава. 30#2 Мојс 4,21Но хешбонскиот цар Сихон не се согласи да минеме преку земјата негова, зашто Господ, Бог наш, го ожесточи духот негов и срцето му го окорави, за да го предаде во раката твоја, како што тоа се виде сега. 31И ми рече Господ: „Ете, Јас почнав да ти го предавам Сихон, и земјата негова; почни да ја покоруваш земјата негова.“ 32И Сихон, со целиот народ свој, излезе против нас во бој кај Јахца; 33и ни го предаде Господ, Бог наш, и ние го разбивме него, синовите негови и целиот народ негов. 34#Ис.Н. 6,17Тогаш ги презедовме сите градови негови, ги ставивме под клетва и ги разоривме, а и сите мажи, жени и деца ги убивме: никој не остана жив; 35само добитокот им го зедовме и пленот од градовите, што ги презедовме. 36Од Ароер, кој е на брегот од потокот Арнон, и од тој град, што е во долината, па сѐ до Галаад, немаше град, непристапен за нас: сѐ ни предаде Господ, Бог наш. 37Само кон земјата на потомците Амонови не пристапивме, ниту до местата, блиски до потокот Јавок, ниту кон градовите по планината, ниту до сѐ, за кое не ни заповеда Господ, Бог наш.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се