Повторени закони 18
18
Правата на потомците Левиеви
1 #
33,9-11; 4 Мојс 18; 1 Кор 9,13 Да нема дел и наследство во Израел за свештениците левити, во целото племе Левиево; тие треба да се хранат од жртвите за Господ, и од делот Негов, 2#10,8-9за нив нема да има дел меѓу браќата негови: Самиот Господ е негов дел, како што му рече Тој. 3Еве, што треба да биде определено за свештениците од народот, од оние, што принесуваат жртва вол или овца или коза; на свештеникот треба да му се дава плешката, вилиците и утробата; 4#26,1-11давај му исто така и првина од пченицата твоја, од виното твое и од маслото твое, и првината од стригот на овците твои, 5бидејќи Господ, твојот Бог, него го избра од сите твои племиња да стои и да служи во името Господово, тој и синовите негови во сите денови. 6И ако левит некој дојде од некој од твоите градови, низ целата земја на Израел, каде што живеел тој, и по желба на душата своја дојде на местото, што ќе го одбере Господ, 7и почне да служи во името на Господ, својот Бог, како и сите негови браќа левити, кои стојат таму пред Господ, 8како храна нека добие еднаков дел, освен добиеното од продажбата на татковиот имот.
Лажни и вистински пророци
9 #
Дела 16,16; 19,19 Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; 10#2 Цар 21,6; 23,24да не се најде меѓу вас човек кој го тера синот свој или ќерката своја да помине преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или, пак, маѓесник, 11#3 Мојс 19,31; Ис 8,19бајач, или што повикува духови, ниту, пак, волшебник, ни таков што разговара со мртви; 12#7,25зашто, секој, кој го прави тоа, е гнасен пред Господ, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. 13#Мт 5,48Биди непорочен пред Господ, твојот Бог; 14зашто тие народи, што ти ги прогонуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, на тебе ти го забранил. 15#4 Мојс 12,6-7; Мт 17,5; Мк 9,4-7; Дела 3,22; 7,37Господ, твојот Бог, ќе ти дигне пророк од браќата твои, како мене, – Него слушајте Го, – 16#5,23-31бидејќи ти Го молеше Господа, твојот Бог, кај Хорив во денот на собранието, велејќи: „Да не го чујам во иднина гласот на Господ, нашиот Бог, и да не го видам повеќе тој голем оган, за да не умрам.“ 17И ми рече Господ: „Добро е тоа, што го кажале; 18#2 Мојс 4,12-15Јас ќе им издигнам пророк од браќата нивни, каков што си ти, ќе ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Тој ќе им каже сѐ, што Јас ќе му заповедам; 19#Ез 3,19; 33,9а кој не ќе ги послуша зборовите што ќе ги говори оној Пророк од Мое име, Јас ќе му се одмаздам. 20Кој, пак, пророк ќе се осмели да зборува од Мое име, она што не сум му заповедал да говори и оној што ќе зборува од името на други богови, таквиот пророк да биде погубен.“ 21Но ќе си речеш во срцето свое: „Како ќе разбереме кои зборови не ги кажал Господ?“ 22#Ер 28,7-9Еве како ќе ги дознаете: ако пророкот говори од името на Господ, и зборовите не се збиднат и не се исполнат, тогаш Господ не ги кажал тие зборови, туку ги кажал пророкот поради својата дрскост, – не плаши се од него.
Селектирано:
Повторени закони 18: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006