Повторени закони 11
11
Потсетување на тоа што Бог направил за Израел
1И така, сакај Го Господа, твојот Бог, и внимавај – она што го заповедал да го пазиш, – и наредбите Негови, и законите Негови, и заповедите Негови во сите денови. 2#4,34-36Па потчинете се сега, – бидејќи јас не зборувам со синовите ваши, кои не ги знаат и не ги виделе казните од Господ, вашиот Бог, – Неговото величие – Неговата незапирлива сила; 3#2 Мојс 7–11чудата Негови и делата Негови, што ги направи среде Египет со фараонот, царот египетски, и со целата негова земја, 4и она што го направи Тој со египетската војска, со коњите и колите, што ги потопи Тој во водите на Црвеното Море, кога тие ве гонеа, – и Господ ги уништи засекогаш, – 5и што направи Тој за вас во пустината, додека не дојдовте на ова место, 6#4 Мојс 16и што направи Тој со Датан и Авирон, синовите на Елијав, син Рувимов, кога земјата ја отвори устата и пред целиот Израел ги голтна нив и домовите нивни, и куќите нивни и целиот имот што го имаа; 7зашто вашите очи ги видоа сите тие големи дела на Господ, што Тој ги направи. 8И така, пазете ги сите заповеди, кои ви ги кажувам денес, за да бидете храбри, па да отидете и да ја наследите земјата, сите кои преминувате, за да ја освоите; 9#4,40и да живеете долго време во онаа земја, за која Господ им се заколна на предците ваши дека ќе им ја даде ним, и на поколенијата нивни, земјата, во која тече мед и млеко.
Земјата за која Господ се грижи
10Зашто земјата, во која одиш да ја освоиш, не е како египетската земја, од која излеговте, каде што ти, откако ќе го посееше семето свое, ја напојуваше со нозете свои, како зеленчукова градина. 11Земјата, пак, во која одите за да ја освоите е земја со планини и долини, и се напојува со вода од небескиот дожд, 12#8,7-9; Неем 9,25земја, за која Господ, твојот Бог, се грижи: очите на Господ, твојот Бог, непрестајно се врз неа, од почетокот па сѐ до крајот на годината. 13#6,5Ако ги слушате заповедите што ви ги кажувам денес, ако Го сакаш Господа, твојот Бог, и Му служиш од сето срце твое и од сета душа твоја, 14#3 Мојс 26,3-13; Ер 5,24; Јк 5,7Тој ќе ѝ даде на земјата твоја дожд навреме, ран и доцен, и ти ќе го собереш житото свое, виното свое и маслото свое; 15и ќе му даде трева на полето твое за твојот добиток и ти ќе јадеш и ќе бидеш сит. 16#8,19Но пазете, да не се соблазни срцето ваше, па да пристапите и да им служите на други богови и да им се поклонувате; 17зашто тогаш ќе се разгори гневот на Господ против вас, и Тој ќе го затвори небото и нема да има дожд, и земјата нема да го даде својот плод; и вие брзо ќе исчезнете од добрата земја, која Господ ви ја дава. 18#6,7-9И така, ставете ги овие мои зборови во срцето свое и во душата своја, врзете ги на раката своја како знак, и нека бидат тие врзулка меѓу очите ваши; 19учете ги синовите свои на нив, кажувајте им за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш; 20и напишете ги врз гредите од вратите на куќите ваши и на вашите градски порти, 21за да бидат вашите денови и деновите на вашите деца во онаа земја, за која Господ се заколна дека ќе им ја даде на предците ваши, толку колку што небото ќе биде над земјата. 22#6,5Зашто, ако ги пазите сите тие заповеди, што ви ги кажувам и ги исполнувате, ако Го сакате Господа, вашиот Бог, ако одите по сите Негови патишта и се приврзете кон Него, 23тогаш Господ ќе ги изгони сите тие народи од пред вас, и вие ќе владеете со народи, што се поголеми и посилни од вас; 24#Ис.Н. 1,3-5секое место, на кое ќе стапи ногата ваша, ќе биде ваше: вашите предели ќе бидат од пустината и Ливан, и од реката Еуфрат, дури до морето, кое е на запад. 25#2,25Никој нема да ви се противстави вам: Господ, вашиот Бог, ќе испрати страв и трепет пред вас врз секоја земја, на која ќе стапнете, како што ви говореше Тој. 26#28,1-68; 30,15-20Ете, јас ви давам денес благослов и проклетство; 27благослов – ако ги послушате заповедите на Господ, вашиот Бог, што ви ги кажувам денес, 28#13,7-14; 29,25а проклетство – ако не ги послушате заповедите на Господ, вашиот Бог, и се отстраните од патот, што ви го посочувам денес, и тргнете по други богови, што не ги знаете. 29#27,11-13Кога ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја во која одиш за да ја освоиш, тогаш искажи благослов од планината Гаризим, а проклетство од планината Евал. 30Тие се од онаа страна на Јордан, по патот кон зајдисонце, во земјата на Хананците, кои живеат во рамнината, спроти Гилгал, близу до дабјакот Море. 31Зашто вие го поминувате Јордан, за да отидете да ја освоите земјата, која ви ја дава Господ, вашиот Бог; освојте ја и населете се во неа. 32И така, настојувајте да ги пазите сите наредби и закони, што ви ги предавам денес.
Селектирано:
Повторени закони 11: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006