Господи, по сета Твоја правда нека се одврати гневот Твој и јароста Твоја од Твојот град Ерусалим, од Светата Твоја Гора; зашто поради гревовите наши и поради беззаконијата на татковците наши Ерусалим и народот Твој е за потсмев кај сите што нѐ опкружуваат. А сега чуј ја, Боже наш, молитвата на Твојот слуга и неговото усрдно молење, па заради Тебе, Господи, погледај со светлото Твое лице на опустошеното Твое светилиште. Приклони го, Боже мој, увото Свое и послушај, отвори ги очите Свои и погледај ги нашите пустоши и градот, во кој се призива името Твое; зашто ние ги принесуваме молењата свои пред Тебе, надевајќи се не на нашата праведност, туку на Твојата голема милосрдност.
Прочитај Даниел 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: Даниел 9:16-18
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа