Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 6

6
1 # 9,1; Ис 13,17 А Дариј Мидиецот кој тогаш беше на шеесет и две години, го презеде царството.
Даниел во лавовска јама
2 # 2,4; Ест 1,1 Дариј реши во своето царство да постави сто и дваесет гувернери за да бидат управители во целото царство. 3#2,48-49; Езд 4,22А над нив тројца кнезови, од кои еден беше Даниел – на кого гувернерите ќе му даваат сметка, за да не му досадуваат на царот. 4#1,20; 5,12-14; 1 Мојс 41,41Даниел ги надминуваше другите кнезови и гувернери, бидејќи во него имаше висок дух, и царот веќе се мислеше да го постави над целото царство. 5#Ер 20,10Тогаш кнезовите и гувернерите се договорија да го обвинат Даниел во управувањето со царството, но никако не можеа да најдат повод, ниту пак грешка, бидејќи тој беше верен и не­маше никаква грешка ни вина. 6#Дела; 24,13-16Но тие луѓе рекоа: „Нема да најдеме причина против Даниел, ако не најдеме против него нешто во законот на неговиот Бог.“ 7#Неем 2,3Тогаш тие кнезови и гувернери отидоа кај царот и му рекоа вака: „Царе Дариј, жив да си довека! 8#3,6; Пс 64,1-5Сите кнезови во царството, намесниците, гувернерите, советниците и воените началници се согласија помеѓу себе да се издаде царска наредба и да се објави заповед: секој што во текот на триесет дена ќе се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, него да го фрлат во лавовска јама. 9#Ест 1,19И така, утврди го царе тоа решение и потпиши ја наредбата за да биде неотповиклива како непроменлив закон мидиски и персиски.“ 10Царот Дариј го потпиша решението и заповедта. 11#1 Цар 8,48-49; Пс 95,6; Мт 6,6; Дела 5,29А Даниел, штом разбра дека е пот­пишана таква повелба, отиде во домот свој. Прозорците на неговата дворна соба му беа отворени кон Ерусалим, тој трипати во текот на денот ги приклонуваше колената свои и Му се молеше на својот Бог и Го славеше, како што го правеше тоа и порано. 12#1 Цар 8,48-50; Пс 55,16; 1 Сол; 5,17-18Тогаш тие луѓе, демнејќи го, го најдоа Даниел дека се моли и Го призовува својот Бог; 13#Ест 1,19потоа отидоа и му кажаа на царот за царската заповед: „Нели ти потпиша повелба дека секој човек, кој во текот на триесет дена ќе му се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, да биде фрлен во лавовска јама?“ Царот одговори и рече: „Тој збор е цврст како и законот на Мидијците и Персијците, што не допушта измени.“ 14#3,8-12; Ест 3,8Тогаш тие одговорија и му рекоа на царот: „Даниел, кој е од заробените синови од Јудеја, не обрнува внимание ни на тебе, царе, ниту на повелбата што си ја потпишал, туку по трипати на ден се моли со свои молитви.“ 15#Мк 6,26Царот кога го чу тоа, многу се за­грижи и си стави при срце да го спаси Даниел и дури до зајдисонце многу размислуваше како да го избави. 16#6,9; Ест 8,8Но оние луѓе дојдоа кај царот и му рекоа: „Царе, ти знаеш дека според законот на Мидијците и Персијците ни­едно решение или заповед, потврдено од царот не може да се измени.“ 17#Пс 37,39-40; 97,10; Јов 5,19Тогаш царот заповеда, и го доведоа Даниел, па го фрлија во лавовската јама; па царот му рече на Даниел: „Твојот Бог, Кому без престан Му слу­жиш, Тој нека те избави!“ 18#Мт 27,66Па донесоа камен, го ставија врз отворот на јамата, и царот го запечати со својот прстен и со прстењата на ве­ликодостојниците свои, за да не се изме­ни ништо по однос на Даниел. 19#2 Сам 12,17; Ест 6,1Потоа царот си отиде во својот двор, легна да спие без вечера, па дури и порача да не му доаѓаат конкубините, но сонот бегаше од него. 20А утредента царот стана во зори и брзо се упати кон лавовската јама; 21#3,17и кога се приближи до јамата, со нажален глас го повика Даниел и му рече: „Даниеле, слуго на живиот Бог! Твојот Бог, Кому без прекин Му слу­жиш, можеше ли да те избави од лаво­вите?“ 22#Неем 2,3Тогаш Даниел му одговори на царот: „Царе, да си жив довека! 23#3,28; Дела 12,11; 2 Тим 4,17; Евр 11,33Мојот Бог го испрати својот ангел и им ја затвори устата на лавовите, така што тие не ме повредија, зашто јас излегов пред Него чист, па и пред тебе, царе, не сум извршил никаков престап.“ 24#3,27; Ис 12,2; 1 Лет 5,20Тогаш царот многу се зарадува за Даниел и заповеда да го извадат од јамата; го извадија Даниел од јамата, и никаква повреда не се забележа на него, зашто тој веруваше во својот Бог. 25#5 Мојс 19,18-19; 2 Цар 14,6; Ест 7,9-10Царот заповеда, па ги доведоа оние луѓе, што го беа обвиниле Даниел, и ги фрли во лавовската јама, како нив самите, така и децата нивни и жените нивни и уште не беа стигнале до дното на јамата, лавовите ги беа зграбиле и им ги беа здробиле сите нивни коски. 26#3,4; 4,1Потоа царот Дариј им напиша на сите народи, племиња и јазици кои живееја по целата земја: „Мирот да ви се умножи! 27#3,29; Ис.Н. 2,11; 3,10; Ер 10,10; Пс 99,1; Ест 8,17Издавам повелба во секоја област на царството мое да треперат и да се плашат пред Даниеловиот Бог, зашто Тој е Бог жив и вечно живее, а царството Негово е непобедливо, и Неговото владение е бескрајно. 28Тој избавува и спасува, прави чуде­са и знаци по небото и земјата; Тој го избави Даниел од шепите на лавовите.“ 29#1,21; 2 Лет 36,22И така Даниел живееше добро и за време на царувањето на Дариј, а и во времето кога царуваше Кир Персиски.

Селектирано:

Даниел 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се