Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 10:11-19

Даниел 10:11-19 MK2006

Па ми рече тој: „Даниеле, сакан чо­веку, задлабочи се во зборовите што ќе ти ги кажам, и исправи се на нозете свои, зашто кај тебе сум денеска испра­тен.“ Штом ми ги кажа тие зборови, јас станав растреперен. Но тој ми рече: „Не бој се Даниеле! Од првиот ден кога го управи срцето свое за да постигнеш разбирање и да се понизиш пред твојот Бог, зборовите твои беа услишени, и јас сакав да дојдам според зборовите твои. Но кнезот на персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден; но Михаил, еден од првите кнезови, дојде да ми помогне зашто јас бев таму сам, кај персискиот цар. А сега дојдов да ти соопштам, што ќе се случи со твојот народ во последните времиња, зашто видението се однесува за далечни дни.“ Додека ми зборуваше такви зборо­ви, јас гледав во земјата, без да изустам збор. Но ете, еден сличен на синовите човечки се допре до усните мои и јас ја отворив устата своја, почнав да зборувам и му реков на оној што стоеше пред мене: „Господаре мој, од ова видение утробата во мене се преврте и во мене не остана сила. Па како може слугата Твој, Госпо­ди, да зборува со мојот Господар? Заш­то во мене нема сила, и останав без здив.“ Тогаш пак се допре до мене тој чо­вечки лик, ме поткрепи и рече: „Не бој се, сакан човеку, мир да имаш; охрабри се, охрабри се!“ и кога зборуваше тој со мене, јас се закре­пив и реков: „Зборувај, Господи мој, зашто ти ме поткрепи.“