Даниел науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното што го пиеше царот, па затоа го замоли началникот на дворјаните да не го принудува да се осквернува. Бог му даде на Даниел милост и благонаклоност кај началникот на дворјаните. И така, началникот на дворјаните му рече на Даниел: „Се плашам од својот господар, царот, кој лично ја определи храната и пиењето; ако ги види вашите лица послаби, отколку што се кај момчињата, вашите врсници, вие ќе го доведете во опасност мојот живот пред царот.“ Тогаш Даниел му рече на чуварот, кого го беше поставил над Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија началникот на дворјаните: „Обиди се со слугите свои – десет дни нека ни даваат зеленчук како храна и вода како пиење; а потоа нека се јават пред тебе нашите лица и лицата на оние момчиња што се хранат од царската трпеза, па потоа постапувај со слугите свои, како што ќе мислиш да е добро.“
Прочитај Даниел 1
Сподели
Спореди ги сите верзии: Даниел 1:8-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа