Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на стихиите на светот, а не по Христос; зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството, и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт; во Него сте и обрезани преку неракотворено обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово; откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите. И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Тој заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови; извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот; и, откако ја зграби силата од началствата и властите, Тој ги изложи јавно на позор и славејќи ја во Себе победата над нив.
Прочитај Колосјаните 2
Слушај Колосјаните 2
Сподели
Спореди ги сите верзии: Колосјаните 2:8-15
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа