Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 1:2-14

Колосјаните 1:2-14 MK2006

до светиите и верните браќа во Исус Христос што се во Колоси: благодат вам и мир од Бога нашиот Отец и Гос­под Христос! Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас, бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за љубовта ваша, ко­ја ја имате кон сите светии, поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слуш­на­ле од словото на вистината – Еванге­ли­ето, кое е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината; како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е ве­рен служител Христов заради вас, и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот. Затоа и ние, од оној ден кога го чув­ме тоа, непрестано се молиме и сакаме да се исполните со познание на Него­ва­та волја во секоја мудрост и духовно разбирање, та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога, укрепувајќи се со секаква сила пре­ку Неговата славна моќ за секаква тр­пеливост и великодушност со радост, благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината, нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот воз­љу­бен Син, во Кого имаме откуп; и простува­ње на гревовите.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Колосјаните 1:2-14