Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 1:2-14

Колосјаните 1:2-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

до светиите и верните браќа во Исус Христос што се во Колоси: благодат вам и мир од Бога нашиот Отец и Гос­под Христос! Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас, бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за љубовта ваша, ко­ја ја имате кон сите светии, поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слуш­на­ле од словото на вистината – Еванге­ли­ето, кое е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината; како што и научивте од Епафрас, нашиот возљубен соработник, кој е ве­рен служител Христов заради вас, и кој нѐ извести за вашата љубов во Духот. Затоа и ние, од оној ден кога го чув­ме тоа, непрестано се молиме и сакаме да се исполните со познание на Него­ва­та волја во секоја мудрост и духовно разбирање, та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познанието на Бога, укрепувајќи се со секаква сила пре­ку Неговата славна моќ за секаква тр­пеливост и великодушност со радост, благодарејќи Му на Бога и Отецот, Кој нѐ направи способни да учествуваме во наследството на светиите во светлината, нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот воз­љу­бен Син, во Кого имаме откуп; и простува­ње на гревовите.

Колосјаните 1:2-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

до христијаните во градот Колос, до нашите пријатели, верни следбеници на Христос. Бог, нашиот Татко, нека ви биде благонаклонет и нека ви даде мир. Секогаш кога се молиме за вас, Му благодариме на Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, зашто слушнавме за вашата вера во Исус Христос, и за љубовта што ја имате спрема сите Божји луѓе. Вашата вера и љубов се засновани врз надежта што ја имате за она што е подготвено за вас на небото. За тоа слушнавте од вистинитата порака - од Радосната вест. Таа се проповеда по целиот свет и се шири со голем успех, давајќи плодови како и кај вас, од првиот ден кога ја слушнавте вистината и дознавте колку Бог ни е благонаклонет. Радосната вест ја слушнавте од Епафрас, нашиот драг соработник, човек што верно Му служи на Христос и работи за вас. Тој ни раскажа за вашата голема христијанска љубов што ви ја дал Светиот Дух. Затоа, уште од првиот ден кога слушнавме, не престануваме да се молиме за вас и да бараме од Бог да ви ја открие Неговата волја за вашите животи. Се молиме да ве исполни со секаква мудрост и разбирање на духовните вистини. Така ќе можете да живеете за Господ онака како што прилега и во секој поглед да Му бидете по волја. Секоја добра работа за која ќе се зафатите ќе носи плод и се подобро ќе Го запознавате Бог. Се молиме да добивате сила од Божјата огромна и величествена моќ, за да можете со радост да истрпите и издржите се што ќе ве снајде и да Му оддавате благодарност на небесниот Татко, Кој ви овозможи и вие, заедно со Божјиот свет народ, да добиете дел од наследството во Царството на светлината. Тој не извлече од власта на царството на темнината и не пренесе во Царството на Неговиот сакан Син, Кој ни ја откупи слободата и ни ги прости гревовите. Христос е над се

Колосјаните 1:2-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

до светите и верни браќа во Христа, во Колос: благодат вам и мир од Бог нашиот Татко. Му благодариме на Бог, и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, молејќи се секогаш за вас, зашто чувме за вашата вера во Христа Исуса и за љубовта, која ја имате кон сите свети, заради надежта која се чува за вас на небесата, за која чувте порано од вистинското слово на Евангелието, кое дојде при вас, како и во целиот свет, и плодоносно расте како и при вас, од оној ден кога го чувте и ја запознавте Божјата благодат во вистината, како што го научивте од Епафрас, наш возљубен сотрудник во службата, кој е верен Христов служител за вас, кој и нѐ извести за вашата љубов во Духот. Затоа и ние од оној ден кога го чувме тоа, не прекратуваме да се молиме за вас и да просиме да се исполните со познавање на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање, така што да одите достојно за Господа и да Му бидете угодни во сѐ; за да бидете плодоносни во секое добро дело и за да растете во познавањето на Бога; зајакнувајќи со секаква сила, сообразно со силата на Неговата слава, за секаква непоколебливост и трпение; со радост да Му благодарите на Бога, Кој нѐ оспособи за учество во наследството на светите во светлината. Тој нѐ избави од власта на темнината и нѐ пресели во Царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите.