Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Амос 5:4-15

Амос 5:4-15 MK2006

Зашто така му вели Господ на домот Израелов: побарејте Ме и ќе бидете живи. Не барајте го Ветил, не одете во Гилгал и не патувајте во Вирсавија, за­што сиот Гилгал ќе појде во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо. Побарајте Го Господа, и ќе бидете живи, за да не се нафрли Тој против домот Јосифов како оган, што ќе го проголта, и не ќе има кој да го гасне во Ветил. О, вие, што го извртувате правосудството во отров и правдата ја фрлате на земја! Тој ги создал Плејадите и Орион и ја претвора црната темнина во јасно утро, а денот го прави темен како ноќ, ги извикува морските води и ги разлива по земјата, Јахве е името Негово! Тој испраќа пустош врз силните и врз нивните тврдини. А тие го мразат оној, кој дели правда пред портите, и се гнасат од оној, кој ја зборува вистината. Па така, затоа што го измачувате сиромавиот и земате од него данок во жито, вие ќе изградите домови од дел­кан камен, но нема да живеете во нив; ќе насадите убави лозја, само вино од нив нема да пиете. Зашто Јас знам колку се многуброј­ни вашите престапи, и колку се тешки вашите гревови; вие сте му непријатели на праведникот, земате поткуп и ги извртувате делата на сиромасите во судот. Поради тоа разумниот човек молчи во тоа време, зашто времето е зло. Барајте добро, а не зло, за да ос­танете живи – и тогаш Господ Бог Са­ваот ќе биде со вас, како што велите вие. Мразете го злото, сакајте го доброто и поставете правосудство пред портите; можеби, Господ Бог Саваот, ќе се смилува над остатокот Јосифов.