Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Амос 5

5
Повик за покајание
1 # Мих 1,8 Чујте го ова слово, искажано со плач за вас, доме Израелов. 2Падна, нема повеќе да стане девицата израелска! Фрлена е на земјата своја, и нема кој да ја крене. 3#6,9Зашто вака вели Господ Бог: град, од кој излегуваат илјадници, ќе остане само со сто, а од кој излегуваат сто, ќе остане само со десет во домот Изра­елов. 4#Ос 5,6; 10,12Зашто така му вели Господ на домот Израелов: побарејте Ме и ќе бидете живи. 5#4,4; 8,14; Ос 4,15Не барајте го Ветил, не одете во Гилгал и не патувајте во Вирсавија, за­што сиот Гилгал ќе појде во ропство, а Ветил ќе се претвори во ништо. 6Побарајте Го Господа, и ќе бидете живи, за да не се нафрли Тој против домот Јосифов како оган, што ќе го проголта, и не ќе има кој да го гасне во Ветил. 7#6,12; Ос 10,4О, вие, што го извртувате правосудството во отров и правдата ја фрлате на земја! 8#Јов 9,9; 38,31Тој ги создал Плејадите и Орион и ја претвора црната темнина во јасно утро, а денот го прави темен како ноќ, ги извикува морските води и ги разлива по земјата, Јахве е името Негово! 9Тој испраќа пустош врз силните и врз нивните тврдини.
Изберете добро, а не зло!
10 # 6,12; Ис 29,21 А тие го мразат оној, кој дели правда пред портите, и се гнасат од оној, кој ја зборува вистината. 11#5 Мојс 28,30-33; Мих 6,15; Соф 1,13; Зах 5,3-4Па така, затоа што го измачувате сиромавиот и земате од него данок во жито, вие ќе изградите домови од дел­кан камен, но нема да живеете во нив; ќе насадите убави лозја, само вино од нив нема да пиете. 12Зашто Јас знам колку се многуброј­ни вашите престапи, и колку се тешки вашите гревови; вие сте му непријатели на праведникот, земате поткуп и ги извртувате делата на сиромасите во судот. 13#Мих 2,3; Лк 23,9; Ефес 5,16Поради тоа разумниот човек молчи во тоа време, зашто времето е зло. 14#Пс 34,13-14; 37,27Барајте добро, а не зло, за да ос­танете живи – и тогаш Господ Бог Са­ваот ќе биде со вас, како што велите вие. 15#Ис 4,3; Јоил 2,14; Изреки 8,13; Рим 12,9Мразете го злото, сакајте го доброто и поставете правосудство пред портите; можеби, Господ Бог Саваот, ќе се смилува над остатокот Јосифов.
Казната доаѓа
16 # 5,1; Ис 15,3 Затоа вака вели Господ Бог Саваот, Седржителот: по сите ваши плоштади ќе има плач, и по сите ваши улици ќе викаат: Оф, оф! И ќе повикаат земјо­делец да жали и искусни за жални песни, да плачат; 17#4,12; 2 Мојс 12,12; Мал 3,1-2и по сите лозја ќе има плач, зашто Јас ќе минам среде тебе, вели Господ.
Кога Господ суди
18 # Ер 13,16; 14,19; Јоил 2,1-2; Соф; 1,14-15; Јн 8,12 Тешко вам, кои го барате денот Господов! Зошто ви е тој ден Господов? Тој е темнина, а не светлина. 19#Ер 48,44; Ос 13,7-8Тоа е како некој да бега од лав, па да го сретне мечка, или да дојде дома и се потпре со раката на ѕид, па да го касне змија. 20Денот Господов е мрак, а не светлина, тој е мрак, и во него нема виделина.
Што сака Господ?
21 # 4,4-5; Ос 6,6 Ги мразам и ги отфрлувам празни­ците ваши и не ги помирисувам жртви­те ваши во времето на вашите прослави во собранијата. 22#3 Мојс 3,1; Ис 1,11; Ос 8,13; Мал 1,10; Пс 50,9-13; 51,18Ако ми принесете сепаленица и ле­бен принос, нема да ги примам и нема да погледнам милостиво на благодар­ствената жртва од вашите угоени телиња. 23Отстрани ја од мене бучавата на твоите песни, зашто звуците на твојата харфа нема да ги слушам. 24Правдата нека тече како вода, и справедливоста – како силен поток. 25#Ис 43,23; Дела; 7,42-43Зар ми принесувавте жртви и дарови во лебови во пустината во текот на четириесетте години, доме Израе­лов? 26#Ис 46,7Ќе ги носите Сикут, вашиот цар и Кијун, вашиот бог, ликовите што сами си ги направивте, 27#4,13поради што ќе ве прогонувам зад Дамаск, вели Господ, чие име е Бог Саваот.

Селектирано:

Амос 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се