Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Амос 4

4
За Самарјанките
1 # 3,9; 6,1; Ис 3,16-24; 5,11-12; 32,9-14; Пс 22,12 Чујте го ова слово, јуници башански, вие, кои сте на Самарјанската Гора, вие, кои ги измачувате сиромасите, ги угнетувате бедните и им велите на своите мажи: „Донесете да пиеме!“ 2#1 Мојс 22,16; 26,3; Пс 89,35Се заколна Господ Бог во Својата светост дека, ете, ќе дојдат врз вас дни, кога ќе ве извлечат со куки и остатокот ваш – со јадици. 3Па ќе излезете низ пукнатините на ѕидовите, секоја – како ќе може, и ќе бидете фрлени кон Хармон#4,3Еврејскиот оригинал е нејасен. Најверојатно станува збор за неидентификувано место. Во некои преводи стои кон Хармон или кон север., вели Господ.
Непослушниот Израел
4 # 5,5; 2 Цар 2,1 Одете во Ветил и грешете, во Гил­гал и умножувајте ги престапите, принесувајте жртви секое утро, десетоци секој трет ден. 5#3 Мојс 7,11-13; Мт 6,2; 23,5Принесувајте како благодарствена жртва леб со квас, објавете доброволни прилози и разгласувајте за нив, зашто вие тоа го сакате, синови Израелови, вели Господ.
Божјите предупредувања до Израел
6 # 3 Мојс 26,14-39; Ис 9,12 Затоа и ви дадов чисти заби во сите ваши градови и недостиг од леб по сите ваши населби; но вие не се вративте кај Мене, вели Господ. 7#Ер 14,1-6И ве лишив од дожд три месеци пред жетва; пуштав дожд врз еден град, врз друг град не пуштав; еден дел беше напојуван со вода, а другиот – ненаросен со дожд, и се исушуваше. 8#8,11-12И се собраа два-три града во еден град, за да се напијат со вода и не можеа да се напијат до ситост; но и тогаш вие не се вративте кај Мене, вели Господ. 9#5 Мојс 28,22; 1 Цар 8,37; Агеј 2,17Ве казнував со суша и метлика по житата и во многу ваши градини и лозја, а насадите со смокви и маслини ги јадеа гасеници, и при сето тоа пак не се вративте кај Мене, вели Господ. 10#2 Мојс 9,1-7; 5 Мојс 7,15; Ис 34,2-3Ви праќав помор, како египетскиот, ги убивав со меч момчињата ваши, ги одведов коњите ваши во плен, и смрад во становите ваши се креваше во ноздрите ваши, и покрај сето тоа не се вративте кај Мене, вели Господ. 11#1 Мојс 19,1; Ис 1,9; 7,4; Зах 3,2Ве сотирав, како што Бог ги разруши Содом и Гомора, и вие бевте истргнати од огнот како гламња, но при сето тоа не се вративте кај Мене, вели Господ. 12#Јоил 2,11; Мал 3,1-2Затоа вака ќе постапам со тебе, Израеле; и бидејќи така ќе постапувам со тебе, приготви се да Го дочекаш твојот Бог, Израеле. 13#3,7; 5,8.27; 9,6; Ер 32,18; Ос 12,6; Мих 1,3Зашто, ете, Оној, Кој образува гори и создава ветар и му ги објавува замислите Свои на човекот, утринската све­т­лина ја претвора во мрак и оди високо над земјата, Господ Бог Саваот е Него­вото име.

Селектирано:

Амос 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се