Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 6

6
Избор на седуммина помошници (ѓакони)
1 # 9,29 Кога учениците се намножија, елинизираните Јудејци се побунија против Евреите зашто при секојдневното делење храна не биле пригледувани нивните вдовици. 2Тогаш Дванаесетте, го свикаа целото мноштво ученици, и рекоа: „Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да послужуваме на трпезите. 3#16,2; 22,12Затоа, браќа, одберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, исполнети со Дух и мудрост, па ќе ги поставиме на таа служба; 4#2,42; 20,24а ние целосно ќе ѝ се посветиме на молитвата и на службата на словото.“ 5Предлогот му се допадна на сиот на­род; па ги одбраа: Стефан, човек исполнет со вера и Дух Свети, Филип, Про­хор, Никанор, Тимон, Пармена, Ни­ко­лај, еден новопридојден од Антиохија; 6#4 Мојс 27,18-20нив ги поставија пред апостолите, а тие, откако се помолија, ги положија рацете над нив. 7#2,41И така, словото Божјо се ширеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мноштво свеш­теници ѝ се покори на верата.
Стефан е фатен
8 # 5,12 А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу лу­ѓето. 9Тогаш се кренаа некои припадници на синагогата, наречена синагога на Либертините#6,9 Ослободениците, на Киринејците и Алек­сандријците, како и на оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се пре­пи­раат со Стефан; 10#Лк 21,15но не можеа да се спротивстават на мудроста и Духот со кои тој зборуваше. 11Затоа тајно подучија некои луѓе да речат: „Го чувме дека хули на Мојсеј и на Бога.“ 12Така го надразнија народот, ста­ре­шините и книжниците. Потоа приста­пија кон него, го зграпчија и го одведоа во Синедрионот. 13Таму поставија лажни сведоци, кои рекоа: „Овој човек постојано хули на ова свето место и на Законот. 14Го слушнавме како зборува дека Исус од Назарет, Тој ќе го разруши ова место и ќе ги измени обичаите што ни ги предаде Мојсеј.“ 15Тогаш сите што беа во Синед­ри­он­от го вперија погледот во него и видоа дека лицето негово му беше како лице на ангел.

Селектирано:

Дела 6: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност