Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 5

5
1А еден човек, по име Ананија, за­едно со својата жена Сапфира, ја продаде нивата 2и еден дел од добиените пари сокри, со знаење на жена си, додека другиот дел го донесе и го стави пред нозете на апостолите. 3#Лк 22,3Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата? 4Додека не беше продадена, нели бе­ше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не из­лажа луѓе, туку Бога!“ 5#2,43; 5,11Кога ги слушна Ананија тие збо­ро­ви, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа. 6Станаа момчињата, го завиткаа, го изнесоа и го погребаа. 7А кога поминаа околу три часа, вле­зе и жената негова, не знаејќи што се случило. 8И Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли ја продадовте нивата?“ Таа одговори: „Да, за толку.“ 9#15,10Петар потоа ѝ рече: „Зошто сте се договориле да Го искушувате Духот на Господ? Ете, пред вратата веќе стојат нозете на оние што го закопаа твојот маж; и тебе ќе те изнесат.“ 10И таа веднаш падна пред нозете негови и издивна. А момчињата кога влегоа, ја најдоа мртва, ја изнесоа и ја погребаа до нејзиниот маж. 11И голем страв ја обзеде целата Црк­ва и сите оние што го слушнаа тоа.
Многубројни чуда
12Преку рацете на апостолите се по­јавуваа знаци и се случуваа многу чуда меѓу луѓето; и сите беа еднодушни во тремот Соломонов. 13Од другите, пак, никој не се осмелуваше да им се придружи, а сепак, народот ги возвеличуваше. 14И сѐ повеќе се зголемуваше бројот на оние што веруваа во Господ, мнош­тво од мажи и жени, 15#Лк 6,19така што и по улиците изнесуваа болни и ги полагаа на постелки и носила, та кога ќе помине Петар, барем сенката негова да осени некого од нив. 16А доаѓаа во Ерусалим и многумина од околните градови, донесувајќи бол­ни, мачени од нечисти духови, и сите се исцелуваа.
Затворањето на апостолите и нивното чудесно избавување
17Тогаш првосвештеникот и сите што беа со него, приврзаници на садукеите, станаа и се исполнија со завист, 18и ги кренаа рацете свои на апостолите и ги ставија во јавниот затвор. 19Но преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изнесе, им рече: 20#3,15; 11,18; 13,46-48„Одете, застанете во храмот и ка­жувајте му ги на народот сите зборови за овој живот!“ 21#4,2Штом го слушнаа тоа, апостолите влегоа утрината во храмот и почнаа да поучуваат. А првосвештеникот и не­го­вите приврзаници кога дојдоа, го свикаа Синедрионот и сите старешини меѓу Израеловите синови и пратија во зат­во­рот луѓе да ги доведат апостолите. 22Но кога слугите отидоа, не ги најдоа, па, штом се вратија, изјавија, 23велејќи: „Затворот го најдовме зак­лучен како што треба и стражата сто­еше надвор пред портата. А кога отво­ривме, внатре никого не најдовме.“ 24Штом ги слушнаа овие зборови, храмскиот заповедник и прво­свеш­те­ни­ците збунети размислуваа што би требало да значи тоа. 25Но некој дојде, ги извести и им ре­че: „Ене, луѓето што ги затворивте, стојат во храмот и го поучуваат народот.“ 26Тогаш храмскиот заповедник отиде заедно со слугите и ги доведе, но не на сила; зашто се плашеа од народот со ка­мења да не ги убијат нив самите. 27А кога ги доведоа, ги изведоа пред Синедрионот и првосвештеникот, пра­шувајќи ги, рече: 28#4,18„Зарем не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А вие пак го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној човек да ја фрлите на нас.“ 29#4,19А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето. 30#10,39; 13,29-30Бог на татковците наши Го воскресна Исус, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на крст. 31Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гревовите на Израел. 32#15,28За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“ 33Кога го слушнаа тоа, тие се разлутија и мислеа да ги убијат. 34Но во Синедрионот стана тогаш еден фарисеј, по име Гамалиил, учител на Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда за кратко време да ги изведат апостолите надвор, 35а ним им рече: „Луѓе Израелци, раз­мислете добро што ќе правите со овие луѓе! 36#8,9Зашто, пред извесно време се крена Тевда, кој зборуваше за себеси дека е тој голем човек, и му се придружија че­тиристотини мажи; тој беше убиен, и сите што му поверуваа, се разотидоа и исчезнаа. 37По него, во време на пописот, се крена Јуда Галилеецот и повлече по се­бе доста народ; но и тој загина и сите што го следеа се растурија. 38И сега ви велам – оставете ги овие луѓе на мир, не гибајте ги; зашто, ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши; 39#Лк 20,4а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не ста­нете борци против Бога!“ Тие го по­слу­шаа, 40и откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија. 41А тие излегоа од Синедрионот ра­досни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Господ Исус. 42#21,13; 3 Јн 1,7И секој ден во храмот и по куќите не престануваа да поучуваат и да бла­го­вес­тат дека Исус е Христос.

Селектирано:

Дела 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се