Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 4:18-30

Дела 4:18-30 MK2006

И кога ги повикаа, им заповедаа во­општо да не зборуваат, ниту пак да го учат народот во името на Исус. Но Петар и Јован им одговорија и рекоа: „Просудете дали е справедливо пред Бога вас да ве слушаме повеќе от­колку Бог; зашто ние не можеме да не зборуваме за она што сме го виделе и чуле.“ А тие, бидејќи не најдоа ништо со што би можеле да ги казнат, ги зап­ла­шија и ги пуштија поради народот; заш­то сите Го прославуваа Бога за она што се беше случило. Човекот, пак, над кого се случи тоа чудесно исцеление, имаше повеќе од четириесет години. И кога ги пуштија, тие отидоа кај своите и им јавија што им рекоа прво­свештениците и старешините. А овие, штом ги ислушаа, едно­душ­но го подигнаа гласот кон Бога и рекоа: „Господаре, Ти Кој си го создал небото и земјата, и морето и сѐ што се наоѓа во нив; и Кој преку Светиот Дух со устата на нашиот татко Давид, Својот слуга, си рекол: ‚Зошто беснеат народите и лу­ѓе­то намислуваат празни работи? Се дигнаа царевите земни и кнезо­вите се собраа заедно против Господ и против Неговиот Помазаник‘. И навистина, се здружија во тој град Ирод и Понтиј Пилат заедно со незнабошците и со народот израелски против Твојот Свет Син Исус, Кого си Го помазал Ти, за да го направат она што однапред го беше определила раката Твоја и волјата Твоја – да се збидне. И сега, Господи, погледај на нивн­и­те заплашувања и дај им на слугите Свои наполно слободно да го про­по­ве­даат Твоето слово, полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус.“

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Дела 4:18-30