Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 4:1-11

Дела 4:1-11 MK2006

И уште додека тие му зборуваа на н­ародот, пристапија кон нив свеш­тениците, старешината на храмот и са­дукеите, огорчени што тие го поучуваат на­ро­дот и навестуваат воскресение на мртвите во името на Исус Христос; и кренаа раце на нив и ги ставија под стража до утрината; зашто се беше веќе завечерило. А мнозина од оние што го слушаа словото, поверуваа; бројот на тие луѓе беше околу пет илјади. Утредента се собраа во Ерусалим нивните началници, старешините и книжниците, првосвештеникот Ана, Кајафа, Јован и Александар, и сите што му при­паѓаа на родот првосвештенички. Откако ги поставија во средината, ги прашаа: „Со каква моќ и во чие име го направивте ова?“ Тогаш Петар, исполнет со Дух Све­ти, им рече: „Началници народни и ста­решини израелски, ако денес нѐ испитувате за доброто дело, што му го направивме на болниот човек, за да кажеме како е тој излекуван, тогаш нека ви биде познато на сите вас и на сиот народ израелски, дека овој стои здрав пред вас во името на Исус Христос од Назарет, Кого вие Го распнавте, Кого Бог Го воскресна од мртвите. Тој е оној камен што од вас ѕи­да­ри­те беше отфрлен, Кој стана камен те­мелник