Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 25:23-27

Дела 25:23-27 MK2006

Утредента, кога Агрипа и Верникиј дојдоа со голем сјај и влегоа во судница­та заедно со војводите и најугледните граѓани, по заповед на Фест, го доведоа Павле. Фест рече: „Царе Агрипа и сите вие мажи, кои сте со нас овде! Го гледате овој, за кого целото мнозинство Јудејци дојдоа кај мене, и во Ерусалим и овде, и викаа дека тој повеќе не треба да жи­вее. Но јас, кога разбрав дека тој не на­правил ништо достојно за смрт, и би­дејќи тој сам се повика на неговото ви­сочество, решив да го пратам кај него. За него, пак, немав поправо што да му напишам на господарот; затоа го из­ведов пред вас, и особено пред тебе, ца­ре Агрипа, за да можам, откако ќе се сврши испитувањето, нешто да напи­шам. Зашто, бесмислено е, ми се чини, да пратам затвореник, а вината негова да не ја соопштам.“