Утредента, кога Агрипа и Верникиј дојдоа со голем сјај и влегоа во судницата заедно со војводите и најугледните граѓани, по заповед на Фест, го доведоа Павле. Фест рече: „Царе Агрипа и сите вие мажи, кои сте со нас овде! Го гледате овој, за кого целото мнозинство Јудејци дојдоа кај мене, и во Ерусалим и овде, и викаа дека тој повеќе не треба да живее. Но јас, кога разбрав дека тој не направил ништо достојно за смрт, и бидејќи тој сам се повика на неговото височество, решив да го пратам кај него. За него, пак, немав поправо што да му напишам на господарот; затоа го изведов пред вас, и особено пред тебе, царе Агрипа, за да можам, откако ќе се сврши испитувањето, нешто да напишам. Зашто, бесмислено е, ми се чини, да пратам затвореник, а вината негова да не ја соопштам.“
Прочитај Дела 25
Слушај Дела 25
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела 25:23-27
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа