Дела 16
16
1Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму живееше некој си ученик, по име Тимотеј, син на Јудејка, која ја прифати верата, и на татко Елин; 2тој ученик беше на добар глас меѓу браќата во Листра и Иконија. 3#1 Кор 9,20.21Павле посака да го земе со себе. Затоа откако го зеде, го обреза поради Јудејците, кои живееја по тие места; зашто сите знаеја дека татко му е Елин. 4#15,23-29; 21,25И додека минуваа низ градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на одредбите, определени од апостолите и старешините во Ерусалим. 5#Кол 2,5; 1 Птр 5,9И така, црквите се утврдуваа во верата, а и по број се зголемуваа секој ден.
Павле повикан во Македонија
6 #
18,23
Така тие ги преминаа Фригија и Галатискиот крај, зашто ним не им беше допуштено од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија. 7#1 Птр 1,11А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот на Исус не ги пушти. 8И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада. 9#18,9Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“ 10По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.
Крштавањето на Лидија од Македонија
11И така, откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, а утредента – во Неапол, 12и оттаму во Филипи. Тој е главен град во тој дел на Македонија и римска колонија. Во тој град престојувавме неколку дена. 13А во саботата излеговме надвор од градот покрај една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени. 14И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле. 15#11,14; 16,31; Лк 24,29А кога беше крстена таа и нејзините домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.
Во затворот на Филипи
16 #
19,24
Еднаш, кога одевме на молитва, по патот нѐ сретна една слугинка, која имаше гатачки дух. Таа на господарите свои им донесуваше големи приходи од гатањето. 17#Мк 1,24И одејќи по Павле и по нас другите викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението.“ 18#3,16Ова го правеше таа многу дни. И кога му здодеа на Павле, тој се сврте и му рече на духот: „Ти заповедам во името на Исус Христос излези од неа!“ И излезе во истиот час. 19Штом видоа господарите нејзини дека пропадна надежта за нивното богатење, ги фатија Павле и Сила, и ги довлечкаа на плоштадот кај началниците. 20И кога ги приведоа пред управниците, рекоа: „Овие луѓе, што се Јудејци, го бунтуваат нашиот град 21и проповедаат обичаи што нам, како Римјани, не ни доликува ни да ги примаме, ниту да ги извршуваме.“ 22#2 Кор 11,25Тогаш се нафрли на нив народот; а управниците, штом им ги раскинаа алиштата, започнаа да ги тепаат со стапови; 23и, откако ги испотепаа многу, ги фрлија в затвор, а на затворскиот стражар му наредија да ги чува добро. 24А стражарот, штом прими таква заповед, ги фрли во повнатрешниот дел од затворот и нозете им ги стегна во клада. 25#Кол 3,16На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа. 26#4,31Одеднаш настана голем потрес, така што и темелите на затворот се поместија, и веднаш се отворија сите врати и оковите на сите отпаднаа. 27А стражарот на затворот, кога дојде при свест и ги виде вратите на затворот отворени, извади меч и сакаше да се убие, зашто помисли дека затворениците избегале. 28Но, Павле викна со силен глас и рече: „Не задавај си врз себе никакво зло, бидејќи сите сме овде!“ 29А тој побара светло, истрча и растреперен падна пред Павле и Сила; 30#2,37па, откако ги изведе надвор, рече: „Господари, што треба да направам, па да се спасам?“ 31#4,12; 11,14; 16,31А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“ 32И му го проповедаа словото Господово нему и на сите што беа со него во куќата негова. 33#8,36.38Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни. 34Тогаш ги одведе горе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, зашто поверува во Бога. 35А кога осамна, војводите пратија судски служители, кои рекоа: „Пушти ги оние луѓе!“ 36Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: „Градските судии пратија да ве ослободам. Затоа, излезете сите и одете си со мир!“ 37#22,25; 23,27Но Павле им рече: „Зарем откако нас, римски граѓани, нѐ биеја пред народот без суд и нѐ фрлија в затвор, сакаат сега тајно да нѐ пуштат? Не, нека дојдат и сами нека нѐ изведат!“ 38#22,29Градските служители им го кажаа тоа на градските судии; а тие се уплашија, кога слушнаа дека се тие римски граѓани. 39И дојдоа, па се извинија пред нив, ги изведоа и ги замолија да излезат од градот. 40#14,22; 20,1-2А тие, штом излегоа од затворот, отидоа во домот на Лидија, ги видоа браќата, ги утешија и си тргнаа.
Селектирано:
Дела 16: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006