Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 16:6-15

Дела 16:6-15 MK2006

Така тие ги преминаа Фригија и Га­латискиот крај, зашто ним не им беше допуштено од Светиот Дух да го про­поведаат словото во Азија. А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот на Исус не ги пушти. И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада. Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Ма­ке­до­нец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието. И така, откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, а утредента – во Неапол, и оттаму во Филипи. Тој е главен град во тој дел на Македонија и римска колонија. Во тој град престојувавме не­колку дена. А во саботата излеговме надвор од градот покрај една река, каде што имаа обичај да се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени. И една богобојазлива жена од гра­дот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле. А кога беше крстена таа и нејзини­те домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.