Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 14:8-18

Дела 14:8-18 MK2006

Во Листра седеше еден човек, не­мо­ќен во нозете. Тој бил сакат од мај­чи­ната утроба, не можел да оди никогаш. Тој слушаше додека Павле зборува­ше; а Павле, го впери во него погледот и виде дека во него има вера дека може да оздрави, па му рече со висок глас: „Тебе ти велам, во името на Господ Исус Хрис­тос: исправи се на нозете свои!“ И тој скокна и почна да оди. А луѓето, кога видоа што направи Павле, го подигнаа гласот свој и изви­каа на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“ И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот. Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се на­оѓаше пред новиот град, откако доведе јунци и венци пред портата, сакаше за­едно со народот да принесе жртва. Но апостолите Варнава и Павле, кога слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки, се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи: „Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни како и вие, но ви про­по­ве­да­ме да се обратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив; Кој поранешните поколенија на на­родите ги остави да врват по нивните патишта, иако не престануваше да сведочи за Себе, правејќи ни добро со праќање дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги срцата наши со храна и веселост.“ И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва, (туку секој да си оди во својата куќа. Додека се наоѓаа таму и поучуваа)