Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Тимотеј 2:14-26

2 Тимотеј 2:14-26 MK2006

Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, зашто препирките ништо не помагаат, а само им штетат на оние што слушаат. Погрижи се пред Бога да се до­ка­жеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината. А од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност. И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит, кои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збиднало, и со тоа им попречуваат во верата на некои. Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“ Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глине­ни; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна. И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, прис­пособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело. Одбегнувај ги, исто така, и мла­деш­ките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господ од чисто срце! Глупави и празни расправии избегнувај, знај дека тие породуваат кавги! А слугата Господов не треба да вле­гува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да поднесува зло, со кротост да ги превоспитува про­тив­ниците за да би можел Бог да им да­де покајание, за да ја познаат вистината, и да се ослободат од мрежата на ѓа­волот кој ги уловил живи за да ја исполнуваат неговата волја.