Павле, апостол на Исус Христос по волјата Божја, според ветувањето на животот, животот во Христос Исус, до Тимотеј, возљубеното чедо. Благодат, милост и мир од Бог Отецот и од Христос Исус, нашиот Господ!
Му благодарам на Бога, Кому уште од прародителите Му служам со чиста совест, додека постојано те споменувам во молитвите свои дење и ноќе; сеќавајќи се за твоите солзи, копнеам да те видам, за да се исполнам со радост, спомнувајќи си за нелицемерната вера кај тебе, која најпрвин се всели во твојата баба Лоида и во мајка ти Евника, а убеден сум дека ја има и во тебе. Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце.
Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност. И така, не срамувај се од сведочењето за нашиот Господ Исус Христос, ниту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бога, Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња