Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Тимотеј 1:1-9

2 Тимотеј 1:1-9 MK2006

Павле, апостол на Исус Христос по волјата Божја, според ветувањето на животот, животот во Христос Исус, до Тимотеј, возљубеното чедо. Бла­годат, милост и мир од Бог Отецот и од Христос Исус, нашиот Господ! Му благодарам на Бога, Кому уште од прародителите Му служам со чиста совест, додека постојано те споменувам во молитвите свои дење и ноќе; сеќавајќи се за твоите солзи, копне­ам да те видам, за да се исполнам со ра­дост, спомнувајќи си за нелицемерната ве­ра кај тебе, која најпрвин се всели во твојата баба Лоида и во мајка ти Евни­ка, а убеден сум дека ја има и во тебе. Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце. Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност. И така, не срамувај се од сведо­че­ње­то за нашиот Господ Исус Христос, ни­ту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бо­га, Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност