2 Солуњаните 3
3
Поттик на молитва и работа
1 #
Пс 147,4; Ефес 6,19; Кол 4,3; 1 Сол 5,25 Потоа, браќа, молете Му се на Бога за нас, та словото Господово да се распространува и да се слави на секое место, како и меѓу вас, 2и да се избавиме од жестоки и злобни луѓе, бидејќи немаат сите вера. 3#Мт 6,13; 1 Кор 1,9; 1 Сол 5,22.24; Евр 10,23; 1 Јн 2,14Но верен е Господ Кој ќе ве утврди и запази од лукавиот. 4#2 Кор 7,15-16; Гал 5,10Ние сме уверени за вас во Господ дека го вршите и дека ќе го вршите она што ви го заповедаме. 5А Господ нека ги насочи срцата ваши право кон љубовта Божја и трпението Христово! 6#2,15; 3,14; Мт 18,17; Рим 16,17; 1 Кор 5,9.11; 1 Сол 5,14Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее неуредно, а не според преданието што го добивте од нас! 7#1 Сол 1,6Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно кај вас, 8#Мт 6,11; Дела 18,3ниту, пак, кај некого јадевме леб дарум, туку работевме со труд и мака дење и ноќе за да не му додеваме на никого од вас. 9#Мт 10,10; 1 Кор 4,16И не поради тоа што немавме власт, туку за да бидеме пример, та да се угледате на нас. 10Зашто, кога бевме меѓу вас ви го заповедавме ова – кој не сака да работи, тој нека и не јаде. 11#3,6; 1 Тим 5,13Но слушаме дека некои од вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи; 12#1 Мојс 3,19на таквите им заповедаме и ги молиме во нашиот Господ Исус Христос да работат тивко и да си го јадат својот леб. 13#Гал 6,9А вам, браќа, да не ви здодејува да правите добро. 14Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, обележете го и не дружете се со него, за да се посрами; 15#Мт 18,15-18; 2 Кор 2,7; Гал 6,1; 1 Сол 5,14но не сметајте го за непријател, туку поучувајте го како брат.
Благослов и поздрав
16 #
Рута 2,4; Рим 15,33; 1 Сол 5,23 А Сам Господ на мирот нека ви даде мир секогаш и во секое дело! Господ нека е со сите вас! 17#2,2; 1 Кор 16,21; Гал 6,11Своерачен поздрав од мене, Павле; тоа е белег во секое послание; јас пишувам така. 18#Рим 16,20; 1 Сол 5,28Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин.
Селектирано:
2 Солуњаните 3: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006