Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Тимотеј Вовед

Вовед
Тимотеј потекнувал од мајка Јудејка, обратена во христијанство и татко Елин. Павле за првпат го сретнал во Листра, Мала Азија (денес турскиот дел на Азија), во текот на неговото второ мисионерско патување (Дела 16,1-3). Оттогаш, Тимотеј станал еден од најблиските помошници на апостолот. Тој го придружувал при поголемиот дел од неговите мисионерски патувања и бил од него поставуван на должност во повеќе наврати, за чувствителни обиколки на заедниците, чија состојба била загрижувачка. Токму затоа неговото име често се спомнува во Делата Апостолски (на пр. 17,14-15; 18,5; 19,22), или во Павловите посланија (на пр. 1 Кор 4,17; 16,10-11; Фил 2,19-24; 1 Сол 3,2-6; и др.). Двете посланија до Тимотеј, заедно со она упатено до Тит, традиционално се наречени „Пастирски посланија“ поради упатствата кои се во нив дадени до „пастирите“ или одговорните луѓе на Црквата.
Првото послание до Тимотеј е насочено кон три главни точки:
– Тоа пред сѐ ја разгледува Црквата и ја става на проверка против лажните учења, мешање на јудејските и паганските идеи, кои некои луѓе настојуваат да ги пропагираат. Овие лажни учења се потпираат на верувањето дека материјалниот свет е лош (несовршен) и дека спасението може да се постигне само преку таинствено спознание резервирано само за запознаените. Понатаму, овие учења препорачуваат и практична примена поврзана со воздржување од одредена храна и отфрлање на бракот.
– Посланието понатаму изложува упатства во врска со обредите, организацијата на Црквата и поведението на одговорните луѓе во неа.
– На крајот се дадени совети упатени до Тимотеј за начинот на кој тој треба да ја спроведува својата служба и да се завземе за разни групи верници, за да може да биде „добар служител на Исус Христос“ (4,6).
Посланието може да се подели на два поважни дела: учењето што се однесува на заедништвото на Црквата и неговите одговорни (1–3) и препораки во врска со активностите на самиот Тимотеј (4–6).
За Црквата и за нејзините старешини не се бара ладна и крута покорност, туку многу повеќе, ангажираност вкоренета во довербата и почитувањето на Исус Христос, нашиот ослободител (2,3-6).

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност