Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Солуњаните 1:5-10

2 Солуњаните 1:5-10 MK2006

тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате. Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа, а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила, во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на на­шиот Господ Исус Христос. Тие со вечна погибел ќе бидат каз­не­ти далеку од лицето на Господ и од сла­вата на Неговата моќ, кога ќе дојде Тој за да биде прос­ла­вен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што по­ве­руваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.