Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Солуњаните 1:5-10

2 Солуњаните 1:5-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тоа покажува дека Бог правилно ве проценил и дека навистина сте достојни да го наследите Божјото царство, за кое и страдате. Бог праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и мачат, а вам, кои страдате, ќе ви даде починка, како и на сите нас, кога Господ Исус ќе се појави од небото со Своите моќни ангели, со распламтен оган, казнувајќи ги оние што не сакаат да Го признаат Богa и ја отфрлаат Радосната вест на нашиот Господ Исус. Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила. Ова ќе се случи кога Господ ќе се врати за да Му биде оддадена слава и чест од оние што се Негови, што веруваат во Него. Меѓу нив спаѓате и вие, затоа што поверувавте во она што ви го сведочевме.