Тогаш отиде цар Давид, застана пред лицето на Господ, и рече: „Кој сум јас, Господи, и што е домот мој, та толку ме возвеличи! Па и тоа дури се покажа сосема малку во Твоите очи, Господи, Боже мој; но Ти извести уште за домот на Твојот слуга далечна иднина, тоа го поставуваш како закон за луѓето, Господи, Боже мој! Што уште може да ти каже Давид? Ти го познаваш Твојот слуга, Господи мој, Господи! Ти го правиш ова заради зборот Свој и по срцето Свое, откривајќи му ги на слугата Свој сите големи работи. Затоа во сѐ си голем Ти, Господи, Боже мој, зашто нема сличен на Тебе и нема Бог, освен Тебе, по сѐ што сме слушале со ушите свои. И кој друг народ на земјата е како Твојот народ – Израел; за кој доаѓал Бог да Си го откупи за свој народ, да го прослави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египќаните, прогонувајќи ги народите и боговите нивни? И Ти го одреди за Себе Твојот народ Израел како Свој сопствен народ засекогаш, и Ти, Господи, стана негов Бог.
Прочитај 2 Самоилова 7
Сподели
Спореди ги сите верзии: 2 Самоилова 7:18-24
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа