Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 5

5
Давид е посветен за цар на Израел
1 # 1 Лет; 11,1-3 # 19,13; 1 Лет 11,1 Тогаш сите израелски племиња дојдоа кај Давид во Хеврон и рекоа: „Ете, ние сме твои коски и твоја плот. 2#1 Сам 16,1.12; 18,13.16; 25,30Порано, додека царуваше Саул над нас, ти го изведуваше и го воведуваше Израел; и Господ ти рече: ‚Ти ќе го пасеш Мојот народ Израел и ти ќе бидеш водач на Израел.‘“ 3#3,21Тогаш сите Израелови стерешини дојдоа кај царот во Хеврон, и царот Давид направи со нив завет пред Господ во Хеврон; и го помазаа Давид за цар над сиот Израел. 4#2,11; 1 Цар 2,11; 1 Лет 3,4; 29,27Давид беше на триесет години, кога се зацари; тој царуваше четирие­сет години. 5Во Хеврон царуваше над Јуда седум години и шест месеци, а во Ерусалим царуваше триесет и три години над целиот Израел и над Јуда.
Давид го освојува Ерусалим
6 # 1 Лет; 11,4-9 # Ис.Н. 15,63; Суд 1,8.21 Царот тргна за Ерусалим заедно со луѓето свои против Јевусијците, жители од оној крај; но тие му велеа на Давид: „Ти нема да влезеш тука; слепите и сакатите ќе те избркаат“, – тоа значеше: Давид нема да влезе тука. 7Но Давид ја презеде тврдината Сион: Тоа е Давидовиот град. 8Тој ден Давид рече: „Секој што ќе ги нападне Јевусијците, нека удри со мечот и по сакатите и слепите, зашто нив ги замрази Давидовата душа.“ Затоа и се вели: „Слеп и сакат нема да влезе во домот Господов.“ 9#6,12.16; 1 Цар 2,10; 3,1И Давид се насели во тврдината, и ја нарече Давидов град, и изгради наоколу ѕид од крајот, па сѐ до внатре. 10#3,1И Давид напредуваше и се воздигаше, и Господ Бог Саваот беше со него. 11#1 Цар 5,15-26; 1 Лет; 14,1-2Тирскиот цар Хирам испрати кај Давид пратеници и кедрово дрво, дрводелци и каменоделци, и тие му изградија на Давид дом. 12Давид разбра дека Господ го определил за цар над Израел и го воздигнал царството негово заради Својот народ Израел.
Синовите на Давид родени во Ерусалим
13 # 3,2-5; 1 Лет 3,1-9; 14,3-7 Давид си зеде уште наложници и жени од Ерусалим, откако дојде од Хеврон. 14И му се родија на Давид уште синови и ќерки. Еве ги имињата на оние што му се родија во Ерусалим: Шамуа, Шовав, Натан и Соломон, 15Јивхар, Елишуа, Нефег и Јафија, 16Елишама, Елијада и Елифелет.
Победите на Давид над Филистејците
17 # 1 Лет; 14,8-16 # 23,13-14; 1 Сам 22,1-5 Кога Филистејците слушнаа дека Давид е помазан за цар на Израел, сите Филистејци се кренаа да го бараат Давид. Давид слушна и отиде во тврдината. 18#5,22; 23,13; Ис.Н. 15,8А Филистејците дојдоа и се сместија во Рефаимската Долина. 19#2,1; 5,23; 1 Сам 14,10; 23,2-4.10-13И Давид Го запраша Господа, ве­лејќи: „Да одам ли против Филис­тејците? Ќе ги предадеш ли во рацете мои?“ А Господ му одговори на Давид: „Оди, зашто Јас ќе ги пре­дадам Филистејците во рацете твои.“ 20#Ис 28,21; 1 Лет 14,11Тогаш Давид отиде во Ва­ал-Пера­цим и таму ги совлада, и рече Давид: „Господ ги однесе пред мене непријателите мои, како вода што однесува.“ Поради тоа и она место се нарече Ваал-Перацим#5,20 Господар на пробивот. 21#1 Лет 14,12Таму Филистејците ги оставија идолите свои, а Давид со луѓето свои ги зеде и заповеда да ги изгорат со оган. 22Филистејците пак дојдоа и поста­вија логор во Рефаимската Долина. 23#5,19А Давид Го праша Господа, а Гос­под му одговори: „Немој да им излегуваш во пресрет, туку опколи ги одзади и нападни ги откај горичката на црници. 24#Суд 4,14; Пс 68,7Кога ќе чуеш шум како кога минува некој по врвовите на црниците, тогаш појди, зашто тогаш Господ трг­нал пред тебе за да ја порази филистеј­ската војска.“ 25#Ис.Н. 15,57; 16,3Давид постапи токму така како што му заповеда Господ; и тој ги собори Филистејците од Гева сѐ до влезот на Гезер.

Селектирано:

2 Самоилова 5: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се