Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 4

4
Баана и Рихав го убиваат Ишбошет
1 # 3,27; Ис 35,3; Ер 6,24; 47,3; 50,43; Јов 4,3 Сауловиот син Ишбошет, откако слушна дека Авенир умрел во Хеврон, му отпаднаа рацете, и целиот Израел се вознемири. 2Сауловиот син имаше двајца воени началници: едниот се викаше Баана, а другиот – Рихав, синови на Бееро­теецот Римон, од Венијаминовите потомци, бидејќи и Беерот се вбројуваше кон Венијамин. 3#Неем 11,33И Бееротејците избегаа во Гитаим и таму останаа да живеат како туѓинци до денес. 4#9,3.6; 16,1-4; 19,25-31Јонатан, Сауловиот син, имаше куц син. Синот беше на пет години, кога од Израел дојде известување за Саул и Јонатан, а доилката, го зела, и избегала. Бидејќи таа бегала брзо, тој паднал и останал сакат. Името му беше Мемфи­востеј. 5#2,8И синовите на Бееротеецот Римон, Рихав и Баана тргнаа и стигнаа по најголемата дневна горештина до куќата на Ишбошет, кој спиеше по­пладне во леглото свое. 6Тие влегоа во куќата, небаре да земат пченица, го прободоа во стомакот и избегаа. 7Кога тие влегоа во куќата, тој ле­жеше на леглото свое, во својата спална; тие го удрија и го убија; ја пресекоа главата негова, ја зедоа со себе и цела ноќ одеа по пустинскиот пат; 8#1 Сам 19,10-11; 23,15; 24,12; 25,29му ја донесоа на Давид во Хеврон главата на Ишбошет и му рекоа на царот: „Еве ја главата на Ишбошет, синот на Саул, кој ја бараше душата твоја; сега Господ се одмазди за мојот господар на царот Саул, твојот непријател, и на потомството негово.“ 9#1 Сам 26,24; 1 Цар 1,29Давид му одговори на Рихав и на братот негов Баана, синови на Бееро­теецот Римон, и им рече: „Се колнам во Господ, Кој ја спаси душата моја од секаква жалост, 10#1,2-16дека ако тогаш, кој ми донесе известување, велејќи: ‚Ете, умреа Саул и Јонатан‘, и кој се мислеше за радосен известител, јас го фатив и го убив во Циклаг, наместо да му дадам награда, 11#1 Мојс 9,5-6така и сега, кога никаквеци убија невин човек во куќата негова, во не­говото легло, зарем нема да ја побарам крвта негова од вашата рака и нема да ве истребам од земјата?“ 12#1,15; 3,32И Давид им заповеда на слугите, и тие ги убија, им ги пресекоа рацете и нозете нивни и ги обесија крај базенот за вода во Хеврон. А главата на Ишбошет ја зедоа и ја погребаа во гробот на Авенир во Хеврон.

Селектирано:

2 Самоилова 4: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се