Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 3

3
Во Хеврон Давид е посветен за цар на Јуда
1Борбата меѓу Сауловиот дом и Давидовиот дом траеше долго. Да­вид сѐ повеќе се засилуваше, а Сау­ловиот дом сѐ повеќе ослабнуваше.
Синовите на Давид родени во Хеврон
2 # 1 Сам 25,43; 1 Лет 3,1-4 На Давид му се родија синови во Хеврон. Првороден му беше Амнон од јизреелката Ахиноам, 3а вториот син му беше Килав од кармелитката Авигеја, бивша Нава­лова жена; третиот – Авесалом, син од Маа­ха, ќерката на Талмај, Гесур­скиот цар; 4четвртиот – Адонија, син од Хагита; петтиот – Сафатија, син од Авитала; 5шестиот – Јитреам, од Егла, Дави­довата жена. Тие му се родија на Давид во Хеврон.
Авенир во кавга со Ишбошет
6И додека траеше борбата меѓу Сауловиот дом и Давидовиот дом, Аве­нир го поддржуваше Сауловиот дом. 7#21,8-11Саул имаше наложница, по име Рицпа, ќерка на Аја. И му кажа Иш­бошет на Авенир: „Зошто влезе кај наложницата на татко ми?“ 8#9,8; 1 Сам 24,15Авенир многу се налути од збо­ровите на Ишбошет и рече: „Зар сум јас песја глава? Јас денес направив милост кон домот на татко ти Саул, кон браќата негови и пријателите негови против Јуда, и не те предадов во рацете на Давид, а ти сега заради една жена бараш во мене грев! 9#1 Сам 13,14; 15,28; 24,21; 25,28-31Господ нека му испрати на Авенир голема казна, и уште повеќе да му додаде, ако не му го направам денес на Давид, она за што Господ се заколна: 10Да му се одземе царствувањето од Сауловиот дом и да се постави Давид на престолот над Израел и над Јуда, од Дан до Вирсавија.“ 11И Ишбошет не можеше ништо повеќе да му одговори на Авенир, бидејќи се плашеше од него.
Авенир се припојува кон Давид
12А Авенир испрати од своја страна пратеници до Давид, да кажат: „Чија е оваа земја?“ и да му кажат уште: „Склучи сојуз со мене, и раката моја ќе биде со тебе да го соберам околу тебе сиот израелски народ.“ 13#1 Сам 14,49Давид му одговори: „Добро, ќе склучам со тебе сојуз, само за едно те молам, односно – ти нема да го видиш лицето мое, ако не ја доведеш со себе Михала, Сауловата ќерка, кога ќе дој­деш да се видиш со мене.“ 14#1 Сам 18,20-28Тогаш Давид испрати пратеници до Ишбошет, Сауловиот син, да му кажат: „Врати ја жена ми Михала, која ја добив за сто филистејски краеобрезоци.“ 15#1 Сам 25,44Тогаш Ишбошет испрати, та ја зеде од мажот нејзин Палтиел, синот на Лаис. 16Со неа тргна и мажот нејзин и со плачење ја придружи до Бахурим; но Авенир му рече: „Врати се!“ И тој се врати. 17Авенир се обрна кон старешините израелски, велејќи: „Порано вие поба­равте Давид да ви биде цар; 18#1 Сам 9,16направете го тоа сега, зашто Господ рекол за Давид: ‚Преку раката на Мојот слуга Давид ќе го спасам Својот народ Израел од раката на Филистејците и од раката на сите негови непријатели.‘“ 19Истото им го говореше Авенир и на Венијаминовците. И отиде Авенир во Хеврон, за да му јави на Давид сѐ што сака Израел и целиот Венијаминов дом. 20Авенир дојде кај Давид во Хеврон и заедно со него дваесет мажи, а Давид ги нагости Авенир и луѓето што беа со него. 21#3,10.12; 5,3; 1 Цар 12,16Авенир му рече на Давид: „Ќе станам и ќе одам да го соберам околу господарот свој сиот израелски народ, и ќе склучат сојуз со тебе, и ти ќе царуваш над сите, како што сака душата твоја.“ Тогаш го отпушти Авенир, и тој си отиде со мир. 22И ете, Давидовите слуги, задно со Јоав, се вратија од походот и донесоа со себе голем плен; но Авенир го немаше веќе при Давид во Хеврон, зашто Давид го беше отпуштил, и тој си беше отишол со мир.
Јоав го убива Авенир
23Кога Јоав и сета војска што беше одела со него, дојдоа, му рекоа на Јоав: доаѓаше Авенир, Нировиот син, кај царот, и овој го отпушти, а тој си замина со мир. 24И Јоав дојде кај царот и рече: „Што си направил? Ете, Авенир доаѓал кај тебе, зошто си го отпуш­тил и тој си заминал? 25Ти го знаеше Авенир, Нировиот син: тој доаѓа да те излаже, да дознае, каде влегуваш и каде излегуваш, и да извиди сѐ што правиш.“ 26Јоав се врати откај Давид и испрати гласници по Авенир; и тие го вратија од кладенецот Сира, без да знае Давид. 27#20,8-10; 1 Цар 2,5Кога Авенир се врати во Хеврон, Јоав го одведе внатре зад вратата, небаре ќе зборува со него тајно, и таму го прободе во стомакот. И Аве­нир умре за крвта на Асаил, Јоаво­виот брат. 28#14,9Подоцна, кога Давид слушна за тоа, рече: „Не сум виновен јас ниту царството мое пред Господ засекогаш за крвта на Авенир, Нировиот син; 29#1,16; 3 Мојс 13–15; 1 Цар 2,32-33нека падне таа врз главата на Јоав и врз целиот негов татков дом; во домот на Јоав секогаш нека има човек кој страда од капавица, или лепрозен, или што се потпира на стап, или кој паѓа од меч, или кој има потреба од леб.“ 30#2,18-23.32А Јоав и братот негов Авеса го убија Авенир, поради тоа што тој го уби братот нивни Асаил во битката кај Гаваон. 31#1,11-12И Давид му рече на Јоав и на сите луѓе што беа со него: „Раскинете ги алиштата свои и облечете се во вре­ќишта и оплакувајте го Авенир.“ И царот Давид одеше по носилката негова. 32Кога го погребаа Авенир во Хеврон, царот плачеше со висок глас над Авенировиот гроб; плачеше и сиот народ. 33#1,17-27И царот го оплака Авенир, со оваа тажачка: „Зар како безумник требаше да умре Авенир? 34Рацете твои не беа врзани, нозете твои не беа оковани; и ти падна, како што паѓаат од разбојници.“ Тогаш це­лиот народ почна уште повеќе да го оплакува. 35#1,12; 2,16-17Тогаш сиот народ дојде да го понуди Давид со леб, додека уште не беше се стемнило, но Давид се заколна, велејќи: „Нека ми испрати Господ голема казна и уште повеќе нека ми додаде, ако каснам леб или нешто друго до зајди­сонце.“ 36И целиот народ дозна за тоа, и тоа му се допадна, и сѐ што правеше царот, му се допаѓаше на сиот народ. 37Тој ден целиот народ и сите Изра­елци дознаа дека убиството на Авенир, Нировиот син, не станало од царот. 38Тогаш царот им рече на слугите свои: „Знаете ли дека денес еден водач и голем маж падна во Израел? 39#16,12; 19,23; 1 Цар 2,5-6.31-34Јас сум сега уште слаб, иако сум помазан за цар, а тие луѓе, Саруевите синови, се посилни од мене; но на оној, кој прави зло, Господ да му врати според злобата негова.“

Селектирано:

2 Самоилова 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се