Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 24

24
Давид наредува да се изврши попис на израелскиот народ
1 # 1 Лет; 21,1-28 # 1 Лет 27,23-24 Гневот Господов пак се разгори против Израелците и го поттикна меѓу нив Давид да рече: „Оди, преброј го Израел и Јуда.“ 2#3,10; 17,11И царот му кажа на војводата Јоав, кој беше при него: „Обиколи ги сите племиња Израелови и Јудини од Дан до Вирсавија, и пребројте го народот за да знам, колку народ има.“ 3#5 Мојс 1,11Јоав му рече на царот: „Господ, Бог твој, да го умножи народот толку, кол­ку што е, и уште стократно толку, и очите на господарот мој царот да го видат тоа; но зошто мојот цар – господар го бара тоа сега?“ 4Но царскиот збор кон Јоав и воените началници надвладеа. И Јоав заедно со воените началници излезе од царот да го пребројува израелскиот народ. 5Тие го минаа Јордан и се здржаа во Ароер, десно од градот; потоа поминаа низ племето на Гад, кај Јазер, 6#Ис.Н. 11,3; 19,28-29; Суд 3,3и дојдоа во Галаад и во земјата Тах­тим – Ходши; и стигнаа во Дан-Јаан и околината, а потоа во Сидон; 7дојдоа во утврдениот град Тир и во сите хивијски и ханански градови, излегоа на југ од Јудеја, во Вирсавија, 8#Ис.Н. 18,9ја обиколија целата земја и стигнаа во Ерусалим по девет месеци и дваесет дена. 9Јоав му го предаде на царот списо­кот за народното пребројување; и из­лезе дека Израелци имаше осумстотини илјади мажи, силни, способни за војна, а Јудејци – петстотини илјади.
Бог ја казнува грешката на Давид
10 # 12,13; 1 Сам 24,6; 2 Лет 16,9 И откако Давид го преброи народот, срцето му затрепка. И му рече Давид на Господ: „Тешко згрешив што постапив така; и сега Ти се молам, Господи, прости му го гревот на Твојот слуга, зашто јас постапив многу не­разумно.“ 11#1 Сам 22,5; 1 Лет 29,29; 2 Лет 29,25Кога Давид стана на другиот ден изутрина, би слово Господово кон пророкот Гад, Давидов јасновидец: 12#7,5; 12,11„Оди и кажи му на Давид: вака вели Господ: три казни ти предлагам; одбери си една од нив што ќе се исполни над тебе.“ 13#21,1; 1 Цар 8,37И дојде Гад при Давид, му соопшти и рече: „Одбери си, глад ли да биде во земјата твоја седум години, или три месеци да бегаш од непријателите свои, и тие да те гонат, или, пак, три дни да владее помор во твојата земја? Сега размисли и реши што да Му одговорам на Оној, Кој ме испрати.“ 14#1 Сам 28,15; Пс 103,8.13-14; Неем 9,27.31; Евр 10,31Давид му одговори на Гад: „Многу ми е тешко; но нека паднам во рацете на Господ, зашто големо е Неговото милосрдие; само да не паднам во човеч­ки раце.“ 15И испрати Господ помор врз Израелците од утрината до определеното време и умреа од народот, од Дан до Вирсавија, седумдесет илјади души. 16#Суд 2,18; 1 Сам 15,11; Јона 3,10; 2 Лет 3,1И ангел Божји ја испружи раката своја над Ерусалим, за да го опустоши; но Господ се покаја за злото и му кажа на ангелот, кој го поразуваше народот: „Доста, сега спушти ја раката своја.“ А Божјиот ангел тогаш беше при гумното на Јевусиецот Орна. 17#24,10; 4 Мојс 16,22Кога Давид го виде ангелот, кој го поразуваше народот, Му рече на Гос­под, велејќи: „Ете, јас згрешив, јас пас­тирот постапив беззаконо; но овие овци што направиле? Затоа Твојата рака нека се сврти против мене и против татковиот ми дом.“
Давид гради жртвеник на Господ
18И во тој ден дојде Гад при Давид и рече: „Оди изгради му жртвеник на Господ врз гумното на Јевусиецот Орна.“ 19Тогаш Давид отиде според зборот на пророкот Гад, како што беше заповедал Господ. 20Орна погледна и виде дека царот и слугите негови доаѓаат при него; излезе Орна и му се поклони на царот ничкум до земја. 21#1 Мојс 23,8-16; 4 Мојс 17,13.15Орна праша: „Зошто дошол мојот цар господар при својот слуга?“ Давид му одговори „Да го купам од тебе гумното за да изградам жртве­ник на Гос­под, та да престане помо­рот во народот.“ 22#1 Сам 6,14; 1 Цар 19,21Орна му рече на Давид: „Гос­подарот мој, царот, нека земе и принесе жртва што му е по волја. Ете, воловите за сепаленица, а колата и опремата за впрегнување на воловите – за дрва. 23#Пс 20,3Сето тоа, царе, Орна му го дава на царот.“ Орна му кажа уште на царот: „Господ, твојот Бог, нека биде милос­тив кон тебе!“ 24Но царот му рече на Орна: „Не, јас ќе ти платам, колку што чини, и нема да му принесам на Господ, мојот Бог, жртва, земена како дар.“ И Давид го купи гумното и воловите за педесет шекели сребро. 25#21,14Давид изгради таму жртвеник на Господ и принесе сепаленици и жртви за мир. И Господ се смилостиви над земјата и поморот кај Израелците престана.

Селектирано:

2 Самоилова 24: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се