Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 22:21-33

2 Самоилова 22:21-33 MK2006

Ми воздаде Господ според мојата правда, ме награди според чистотата на рацете мои. Зашто јас ги пазев патиштата Господови и не бев нечестив пред мојот Бог, бидејќи сите заповеди Негови се пред мене, и од заповедите Негови не отстапував, бев непорочен пред Него и внимавав да не згрешам. И Господ ми воздаде според мојата прав­да, според чистотата моја пред Неговите очи. Со милостивиот Ти постапуваш ми­лостиво, со искрениот маж, – искрено, со чистиот – чисто, а со лукавиот – според лукавството негово. Ти ги спасуваш угнетените и со по­гледот Свој ги уништуваш горделивите. Ти си Господи, светило мое; Господ ја просветлува мојата темнина. Со Тебе победувам војска; со мојот Бог прескокнувам ѕид. Бог! Непорочен е Неговиот пат, чисто е словото Негово; Тој е штит за сите што се надеваат на Него, зашто, Кој е Бог, освен Господ, и Кој е сила, што се надеваат на Него, Бог ме препаша со сила, ми подготвува чист пат.