2 Самоилова 22:21-33
2 Самоилова 22:21-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ми воздаде Господ според мојата правда, ме награди според чистотата на рацете мои. Зашто јас ги пазев патиштата Господови и не бев нечестив пред мојот Бог, бидејќи сите заповеди Негови се пред мене, и од заповедите Негови не отстапував, бев непорочен пред Него и внимавав да не згрешам. И Господ ми воздаде според мојата правда, според чистотата моја пред Неговите очи. Со милостивиот Ти постапуваш милостиво, со искрениот маж, – искрено, со чистиот – чисто, а со лукавиот – според лукавството негово. Ти ги спасуваш угнетените и со погледот Свој ги уништуваш горделивите. Ти си Господи, светило мое; Господ ја просветлува мојата темнина. Со Тебе победувам војска; со мојот Бог прескокнувам ѕид. Бог! Непорочен е Неговиот пат, чисто е словото Негово; Тој е штит за сите што се надеваат на Него, зашто, Кој е Бог, освен Господ, и Кој е сила, што се надеваат на Него, Бог ме препаша со сила, ми подготвува чист пат.

2 Самоилова 22:21-33 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Според мојата праведност Господ ми врати, според чистотата на моите раце Тој ме награди, зашто ги пазев Господовите патишта, не се оддалечив од својот Бог. Неговите одредби се пред моите очи, не ги отфрлив Неговите заповеди, Нему Му бев верен до с’ржта, се чувам од секој грев. Господ ми врати според мојата правда, ја виде чистотата на моите раце. Со пријателот Ти си пријател, на чесниот со чесност му враќаш. Со чистиот човек Ти си чист, а итриот го надигруваш, зашто на понизниот народ му донесуваш спасение, а ги понижуваш горделивите очи. Господи, Ти ја запалуваш мојата светилка, Боже, ја осветлуваш мојата темнина: со Тебе удирам врз непријателските чети, со својот Бог ги прескокнувам ѕидовите. Совршени се Господовите патишта, и Господовото слово е испитано со оган. Тој им е штит на сите, кои прибегнуваат кај Него. Зашто кој е Бог освен Господ? Кој е стена освен нашиот Бог? Тој Бог ме опашува со сила, и ја отстранува гибелта од мојот пат.