Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 22

22
Давид Му благодари на Бога по една победа
1И Давид испеа песна за Господ во денот, кога Господ го спаси од раката на сите непријатели негови и од раката на Саул, велејќи: 2„Господ е мојата тврдина, моја крепост и мој спасител. 3Мојот Бог е моја карпа; на Него се надевам; мој штит, рог на моето спасение, моја заштита и мое при­бежиште; Спасителе мој, Ти ме спаси од непријатели. 4Ќе Го повикам достојно пофалува­ниот Господ, и од непријателите мои ќе се спасам. 5Бранови на смртта ме прегрнаа, и потоци од беззаконија ме исплашија; 6веригите на пеколот ме обвиткаа, и стапици на смртта ме обмотаа. 7Но во притеснувањето свое Го по­викав Господа и викнав кон мојот Бог, и Тој го слушна од Својот свет дворец гласот мој, и повикот мој стигна до ушите Негови. 8Се затресе, се разниша земјата, за­треперија и се поместија основите не­бески, зашто се разгневи Господ на нив. 9Се крена дим од гневот Негов, и уривачки оган од устата Негова; жив јаглен се сипеше од Него. 10Тој ги наведна небесата и слезе; и мрак беше под нозете Негови; 11седна на херувимите, летна и се понесе на ветрови крила; 12и со мрак се покри како со шатор, згуснувајќи ги водите на облаците не­бески; 13од болскотот пред Него се усвитуваа огнени јаглени. 14Загрме Господ од небесата, и Се­вишниот го пушти Својот глас; 15пушти стрели свои и ги распрсна; болсна со секавица и ги истреби. 16Се открија изворите морски, се покажаа основите на вселената од страшниот глас на Господ, од дувањето на духот на Неговиот гнев. 17Тој подаде рака од височините, ме фати и ме извлече од големите води; 18ме спаси од силниот непријател мој, од оние што ме мразеа, што беа посилни од мене. 19Тие станаа против мене во денот на мојата неволја; но Господ ми беше потпора, 20и ме изведе на широко место, ме спаси, зашто Тој благоволи кон мене. 21Ми воздаде Господ според мојата правда, ме награди според чистотата на рацете мои. 22Зашто јас ги пазев патиштата Господови и не бев нечестив пред мојот Бог, 23бидејќи сите заповеди Негови се пред мене, и од заповедите Негови не отстапував, 24бев непорочен пред Него и внимавав да не згрешам. 25И Господ ми воздаде според мојата прав­да, според чистотата моја пред Неговите очи. 26Со милостивиот Ти постапуваш ми­лостиво, со искрениот маж, – искрено, 27со чистиот – чисто, а со лукавиот – според лукавството негово. 28Ти ги спасуваш угнетените и со по­гледот Свој ги уништуваш горделивите. 29Ти си Господи, светило мое; Господ ја просветлува мојата темнина. 30Со Тебе победувам војска; со мојот Бог прескокнувам ѕид. 31Бог! Непорочен е Неговиот пат, чисто е словото Негово; Тој е штит за сите што се надеваат на Него, 32зашто, Кој е Бог, освен Господ, и Кој е сила, што се надеваат на Него, 33Бог ме препаша со сила, ми подготвува чист пат. 34Ми ги прави нозете како на елен, и ме поставува на висини; 35ги учи рацете мои на борба, и ги напрегнува мускулите мои како бака­рен лак. 36Ти ми го даде штитот на Твоето спасение, и Твојата милост ме воз­величува. 37Ти ги зголемуваш чекорите мои под мене, и моите нозе не потклекнуваат. 38Јас ги гонев непријателите мои и ги убивав, и не се враќав додека не ги до­крајчив; 39ги удирам и ги соборувам, и тие не стануваат, а паѓаат под нозете мои. 40Ти ме препашуваш со сила за бој и ги кутнуваш пред мене оние што ста­нале против мене; 41Ти го сврте кон мене грбот на мои­те непријатели, и јас ги уништив оние што ме мразеа. 42Тие викаат, но нема кој да ги спаси, – кон Господ, но Тој не ги слу­ша. 43Ги триев како прав земен, како улична кал ги размачкував и газев. 44Ти ме спаси од побуната на мојот народ; Ти ме зачува за да бидам глава над туѓинците; народ што не го познавав, ми слугува. 45Туѓинците ми ласкаа; штом ќе слушнеа за мене, ми се покоруваа. 46Туѓинците побледуваа и трепереа во своите тврдини. 47Да живее Господ! Благословен да е мојот заштитник! Нека се возвиши Бог, прибежиште на моето спасение, 48Бог, Кој се одмазди за мене, Кој ги покори под мене народите 49и Кој ме спаси од непријателите мои! Над оние што стануваа против ме­не, Ти ме воздигна; Ти ме избави од насилникот. 50Затоа ќе Те превознесувам Тебе, Господи, меѓу народите и ќе го воспевам името Твое. 51Тебе, Кој славно го спасуваш Сво­јот цар и му правиш милост на помаза­никот Свој Давид и на потомството негово засекогаш.“

Селектирано:

2 Самоилова 22: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се