Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 14

14
Враќањето на Авесалом во Ерусалим
1 # 13,39 Јоав, синот на Саруја, забе­лежа дека срцето на царот се сврте кон Авесалом. 2Јоав испрати во Текоа и доведе оттаму една умна жена и рече: „Пре­прави се дека жалиш; облечи траурна облека, немој да се помазуваш со масло, и претстави се како жена, која оплакува мртовец; 3па оди кај царот и кажи му така и така.“ И Јоав ѝ ги стави во устата неј­зина, зборовите што требаше да ги каже. 4#1 Сам 25,23; 2 Цар 6,26И жената Текоанка влезе кај царот, падна ничкум на земја, се поклони и му рече: „Помогни царе, помогни!“ 5Царот ја праша: „Што ти е?“ А таа одговори: „Вдовица сум, умре мажот мој; 6слугинката твоја имаше двајца синови; тие се скараа во полето, нема­ше кој да ги раздели, и едниот го удри другиот и го уби. 7#4 Мојс 35,19-21; 5 Мојс 19,11-13И ете, целиот род стана против слу­гинката твоја, и рече: ‚Предај го оној што го уби брата си, ние ќе го убиеме заради душата на брат му, која тој ја погуби, и со тоа ќе ви го уништиме и потомството.‘ И така, тие ќе ја згаснат искрата, која уште ми останува за да не остават име и потомство на мажот ми по лицето на земјата.“ 8А царот ѝ рече на жената: „Оди си спокојно дома, јас ќе дадам заповед за тебе.“ 9#1 Сам 25,24; 1 Цар 2,33Но жената Текоанка му рече на царот: „Врз мене, царе, господаре мој, нека биде вината и врз татковиот ми дом, а царот и престолот негов се невини.“ 10И царот ѝ рече: „Доведи ми го оној што ќе биде против тебе, и тој повеќе нема да те гибне.“ 11#1 Сам 14,45; 1 Цар 1,52Таа рече: „Заколни се, царе, во Господ, твојот Бог дека нема да се намножат одмаздниците за крв и нема да го погубат синот мој.“ Царот рече: „Жими Господ! Ни влакно од твојот син нема да падне на земјата.“ 12И жената рече: „Дозволи ѝ на слу­гинката твоја да му каже уште еден збор на својот цар господар.“ 13#12,7; 13,37-38Тој рече: „Зборувај!“ И жената рече: „Зошто мислиш така против Божјиот народ?“ Царот, откако го кажа тој збор, сам се обвини, поради тоа што не го враќа својот прогонет. 14#4 Мојс 35,15.25.28„Ние ќе умреме и ќе станеме како разлеана вода на земјата што не може да се собере; но Бог не сака да ја погуби душата и се грижи да не го отфрли од Себе и отфрлениот. 15И сега јас дојдов да му ги кажам на царот, мојот господар, тие зборови, за­што народот ме плаши; и твојата слу­гинка си вели: ‚Ќе поразговарам со ца­рот, дали нема да постапи тој според зборот на слугинката своја.‘ 16#5 Мојс 9,26.29Царот бездруго ќе ја ислуша и ќе ја спаси слугинката своја од раката на оние кои сакаат да ме истребат, заедно со синот мој, од Божјото наследство. 17#14,20; 19,28; 1 Сам 29,9; 1 Цар 3,28Затоа, твојата слугинка си рече: ‚Зборот на мојот господар цар нека ми биде утеха, зашто мојот господар цар е како ангел Божји, и може да го слуша и доброто и лошото. И Господ, Бог твој, ќе биде со тебе.‘“ 18#1 Сам 3,17Царот одговори и ѝ рече на жената: „Не го криј од мене тоа што ќе го прашам.“ И жената рече: „Говори, господаре мој, царе.“ 19#14,3; 1 Сам 1,26; 17,55Царот ја праша: „Во сето тоа не е ли со тебе раката на Јоав?“ Жената одговори и рече: „Да ти е жива душата, господаре мој, царе, не може да има скршнување ни десно, ни лево; вистина, твојот слуга Јоав ми заповеда и тој ги стави во устата на слугинката твоја сите тие зборови. 20#Изреки 25,2Твојот слуга Јоав го направи тоа за да го измени текот на настанот. Но мојот господар царот е мудар, како што е мудар ангелот Божји, тој разбира сѐ што се случува на земјата.“ 21И царот му рече на Јоав: „Ете, јас направив според зборот твој, оди впро­чем, врати ми го детето Авеса­лом.“ 22Тогаш Јоав падна ничкум на земјата и се поклони, и го благослови царот, велејќи: „Сега слугата твој знае дека добил благонаклоност во твоите очи, господаре мој, царе, би­дејќи царот пос­тапи според зборот на својот слуга.“ 23#13,37-38Па стана Јоав, та отиде во Гесур и го доведе Авесалом во Ерусалим. 24#14,28.32И царот рече: „Нека се врати во куќата своја, но лицето мое да не го гледа.“ И Авесалом отиде во куќата своја, но царското лице не го виде.
Давид се помирува со Авесалом
25 # 1 Сам 9,2; Суд 15,4-5 Меѓу сите Израелци немаше та­ков убавец како Авесалом, ни толку пофа­луван како него: од петиците на нозете до врвот на главата негова во него немаше недостаток. 26Кога ќе ја истрижеше косата сво­ја, а тој ја стрижеше секоја година, бидејќи му тежеше; косата од главата негова тежеше двесте шекели според царската мера. 27И на Авесалом му се родија три си­на и една ќерка, по име Тамара; таа бе­ше многу убава. 28И остана Авесалом во Ерусалим две години, но царевото лице не го виде. 29Тогаш Авесалом испрати по Јоав за да го одведе кај царот, но тој не сакаше да дојде кај него. Го повика и вторпат, но тој пак не сакаше да дојде. 30Тогаш Авесалом им рече на своите слуги: „Ја гледате ли нивата на Јоав до мојата? Тој таму има јачмен; одете и изгорете го со оган.“ И Авесаломовите слуги ја изгореа со оган онаа нива. 31И стана Јоав, па отиде кај Авесалом дома и му рече: „Зошто слугите твои ја изгореа нивата моја со оган?“ 32#1 Сам 20,8; Дела 25,11А Авесалом му одговори на Јоав: „Ете, јас испраќав по тебе и велев: ‚Дојди тука, и јас ќе те пратев кај царот да кажеш: зошто сум дошол од Гесур? Подобро ќе беше да останев таму. Јас сакам да го видам лицето на царот. Ако, пак, сум виновен, убиј ме!‘“ 33#15,5; 19,40; 20,9; 1 Мојс 27,26.27; 29,11; 48,10; 50,1Јоав отиде кај царот и му го рас­кажа тоа. Царот го повика Авесалом. Тој дојде кај царот, му се поклони и падна ничкум на земја пред царот. И царот го бакна Авесалом.

Селектирано:

2 Самоилова 14: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се