Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 14:15-23

2 Самоилова 14:15-23 MK2006

И сега јас дојдов да му ги кажам на царот, мојот господар, тие зборови, за­што народот ме плаши; и твојата слу­гинка си вели: ‚Ќе поразговарам со ца­рот, дали нема да постапи тој според зборот на слугинката своја.‘ Царот бездруго ќе ја ислуша и ќе ја спаси слугинката своја од раката на оние кои сакаат да ме истребат, заедно со синот мој, од Божјото наследство. Затоа, твојата слугинка си рече: ‚Зборот на мојот господар цар нека ми биде утеха, зашто мојот господар цар е како ангел Божји, и може да го слуша и доброто и лошото. И Господ, Бог твој, ќе биде со тебе.‘“ Царот одговори и ѝ рече на жената: „Не го криј од мене тоа што ќе го прашам.“ И жената рече: „Говори, господаре мој, царе.“ Царот ја праша: „Во сето тоа не е ли со тебе раката на Јоав?“ Жената одговори и рече: „Да ти е жива душата, господаре мој, царе, не може да има скршнување ни десно, ни лево; вистина, твојот слуга Јоав ми заповеда и тој ги стави во устата на слугинката твоја сите тие зборови. Твојот слуга Јоав го направи тоа за да го измени текот на настанот. Но мојот господар царот е мудар, како што е мудар ангелот Божји, тој разбира сѐ што се случува на земјата.“ И царот му рече на Јоав: „Ете, јас направив според зборот твој, оди впро­чем, врати ми го детето Авеса­лом.“ Тогаш Јоав падна ничкум на земјата и се поклони, и го благослови царот, велејќи: „Сега слугата твој знае дека добил благонаклоност во твоите очи, господаре мој, царе, би­дејќи царот пос­тапи според зборот на својот слуга.“ Па стана Јоав, та отиде во Гесур и го доведе Авесалом во Ерусалим.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност