Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 14:15-23

2 Самоилова 14:15-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И сега јас дојдов да му ги кажам на царот, мојот господар, тие зборови, за­што народот ме плаши; и твојата слу­гинка си вели: ‚Ќе поразговарам со ца­рот, дали нема да постапи тој според зборот на слугинката своја.‘ Царот бездруго ќе ја ислуша и ќе ја спаси слугинката своја од раката на оние кои сакаат да ме истребат, заедно со синот мој, од Божјото наследство. Затоа, твојата слугинка си рече: ‚Зборот на мојот господар цар нека ми биде утеха, зашто мојот господар цар е како ангел Божји, и може да го слуша и доброто и лошото. И Господ, Бог твој, ќе биде со тебе.‘“ Царот одговори и ѝ рече на жената: „Не го криј од мене тоа што ќе го прашам.“ И жената рече: „Говори, господаре мој, царе.“ Царот ја праша: „Во сето тоа не е ли со тебе раката на Јоав?“ Жената одговори и рече: „Да ти е жива душата, господаре мој, царе, не може да има скршнување ни десно, ни лево; вистина, твојот слуга Јоав ми заповеда и тој ги стави во устата на слугинката твоја сите тие зборови. Твојот слуга Јоав го направи тоа за да го измени текот на настанот. Но мојот господар царот е мудар, како што е мудар ангелот Божји, тој разбира сѐ што се случува на земјата.“ И царот му рече на Јоав: „Ете, јас направив според зборот твој, оди впро­чем, врати ми го детето Авеса­лом.“ Тогаш Јоав падна ничкум на земјата и се поклони, и го благослови царот, велејќи: „Сега слугата твој знае дека добил благонаклоност во твоите очи, господаре мој, царе, би­дејќи царот пос­тапи според зборот на својот слуга.“ Па стана Јоав, та отиде во Гесур и го доведе Авесалом во Ерусалим.

2 Самоилова 14:15-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А причината зошто дојдов да ја изнесам пред својот господар цар оваа работа беше таа што луѓето ме заплашија, па твојата слугинка мислеше: ‘Треба да зборувам со царот, можеби царот ќе го направи она што ќе му каже неговата слугинка. Зашто царот ќе ја послуша својата слугинка и ќе ја избави од рацете на човекот, кој сака да ме истреби заедно со мојот син од Божјото наследство.’ Затоа твојата слугинка помисли: ‘Зборот на мојот господар и цар нека ми биде на смирување. Зашто мојот господар и цар е како Божји ангел кој распознава добро и зло. Господ, твојот Бог, нека биде со тебе!’“ Тогаш царот проговори и ѝ рече на жената: „Немој сега да ми го скриеш она што ќе те прашам!“ А жената одговори: „Нека зборува мојот господар цар!“ Тогаш царот праша: „Не се ли со тебе Јоавовите прсти во сѐ тоа?“ А жената одговори: „Така да си жив, господару цару, навистина не се може ни десно ни лево од сѐ што рече мојот господар и цар! Да, твојот слуга Јоав ми заповеда, тој ја научи твојата слугинка на сите овие зборови. Твојот слуга Јоав го направи тоа за да му даде друго лице на сето тоа, ама мојот господар е мудар како Божји ангел, тој знае сѐ што се случува на земјата.“ Тогаш царот се сврте кон Јоава и му рече: „Добро, ќе го направам тоа. Оди и доведи го назад младиот човек Авесалом!“ А Јоав падна со лицето кон земјата, се поклони и го благослови на царот; потоа Јоав рече: „Денес гледа твојот слуга дека најде милост во твоите очи, господару цару, кога царот ја исполни молбата на својот слуга.“ Потоа Јоав се крена, отиде во Гесур и го доведе Авесалома назад во Ерусалим.