Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 11:14-27

2 Самоилова 11:14-27 MK2006

Изутрината Давид напиша писмо до Јоав и го испрати по Урија. Во писмото напиша вака: „Поста­вете го Урија таму, каде што ќе има најсилна војска, и отстапете од него, за да биде погоден.“ Затоа, кога Јоав го опседнуваше градот, го постави Урија на такво мес­то, за кое знаеше дека таму има храбри мажи. Излегоа од градот мажи, се суд­рија со Јоав, и неколкумина од народот, од Давидовите слуги, паднаа: убиен беше исто така и Хитиецот Урија. Тогаш Јоав испрати гласници да му кажат на Давид за целиот тек на борбата. Тој им заповеда на гласниците, велејќи: „Кога ќе му раскажете на царот за целиот тек на битката и ако видите дека царот се разгневува и ве прашува: ‚Зошто сте отиш­ле да се биете толку блиску до градот? Не знаете ли дека врз вас ќе фрлаат стрели од ѕидот? Кој го уби Авимелех, синот на Јерубешет? Нели фрли жена врз него од ѕидот парче од воденички камен, го погоди и тој умре во Тевец? А вие, зошто се приближивте до ѕидот?‘ – тогаш ти кажи: ‚И твојот слуга Хи­тиецот Урија исто така е погоден и умре.‘“ Отиде гласникот, му раскажа на Давид сѐ за што го беше испратил Јоав. Тогаш гласникот му рече на Давид: „Тие луѓе нѐ надвиваа и излегоа против нас во полето, и ние ги гоневме, до влезот на портите; во тоа време стрелците стрелаа од ѕидот врз слугите твои, и загинаа некои од царските слуги; умре и твојот слуга Хитиецот Урија.“ Тогаш Давид му рече на гласникот: „Кажи му на Јоав вака: ‚Да не те буни таа работа, зашто ножот истребува некогаш еден, некогаш друг; засили ја борбата против градот и сруши го‘. Така ќе го охрабриш!“ Уриевата жена чу дека нејзиниот маж умре, па плачеше по мажот свој. Кога измина времето за жалење, Давид испрати луѓе и ја зеде во домот свој, и таа му стана жена и му роди син. Но делото што го изврши Давид, беше зло пред очите на Господ.