Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 8:16-24

2 Царевите 8:16-24 MK2006

По јудејскиот цар Јосафат, стана цар Јорам, синот на Јосафат, во петтата година од царувањето на Ахавовиот син Јорам, царот израелски. Тој беше на триесет и две години, кога стана цар, и царуваше осум години во Ерусалим; и одеше по патот на израелските цареви, онака како што постапуваше Ахавовиот дом, бидејќи Ахавовата ќер­ка му беше жена. Таа правеше зло пред очите на Господ. Но, Господ не сакаше да го погуби Јуда, заради својот слуга Давид, зашто Тој беше ветил дека ќе му даде светило – нему и на неговите синови за сите времиња. Во неговите дни Едом се измолкна од раката на Јуда и си постави цар. И Јорам отиде во Цаир, со сите негови бојни коли. Тој се крена во една ноќ и ги нападна Едомците што го оп­колуваа, и заповедниците на колите, но народот избега во шато­рите свои. Сепак, се спаси Едом од раката на Јуда до ден денес. Во исто време дигна бунт и Ливна. Другото за Јорам и сѐ што из­вршил, е опишано во летописите на ју­дејските цареви. И почина Јорам кај своите предци, и беше погребан кај своите предци во Давидовиот град. А место него стана цар неговиот син Охозија.